Едно од најдобрите природни масла е дефинитивно бадемовото масло. Поради природното богатство што го содржи во само една лажичка, бадемовото масло е вистински бисер и откритие на природата, па зазема посебно место во ајурведата. Ајурведските стручњаци го познаваат одамна и му веруваат многу. Овој прекрасен дар на природата можеме да го искористиме на многу начини за да ја подобриме и зачуваме нашата убавина.
За здрава коса
Бадемовото масло може да ја третира сувата и безживотна коса, бидејќи ги содржи потребните есенцијални витамини, особено витамин Е. Косата станува посилна и сјајна. Ослободете се од губење на косата. Неопходно е да го протриете маслото во скалпот со нежни кружни движења и да го оставите да делува најмалку половина час пред да го нанесете ајурведскиот шампон. Масажата ја стимулира циркулацијата, а хранливите материи што ги поседуваат овие масла ја прават кутикулата помека и посилна и спречуваат кршење.




0 Comments