Ви предлагаме здрав ајурведски чоколаден пудинг со индиски ореви, урми и кардамом
Состојки:
– 180 гр индиски ореви
– 12 лажици млеко /може и билно млеко/
– 40 гр какао во прав
– 2,5 лажици мед
– 4 големи урми
– прстофат сол
– 1 кафена лажичка арома од ванила
– 1/2 лажичка кардамом
Подготовка:
Во длабок сад ставаме индиските ореви, ги потопуваме со вода од вечер.
На урмите им ги отстрануваме семките.
Ги цедиме индиските ореви од водата и ги ставаме во процесор за храна. Ги додаваме: млекото, урмите, какаото, медот, кардамомот, солта и аромата од ванила и убаво мелеме додека состојките се соединат во густ и кремаст пудинг.
Сервираме во садови или тестенини корпички и послужуваме. За декорација додаваме свежо нане, парчиња сезонско овошје или разни семки.
Послужуваме 🙂




0 Comments