fbpx
К А Р Д Е М О М – лечи и од уроци

К А Р Д Е М О М – лечи и од уроци

by | Ное 12, 2021 | 0 comments

 

Кардемомот припаѓа на семејството на ѓумбир и е најприсутен во азиската кујна.
Во Индија се става во чај со млеко, во топло чоколадо, а се меша со куркума. и се добива златно млеко во комбинација со многу други лековити зачини. Овој зачин, токму
поради неговата лековита содржина многу брзо се рашири низ целиот свет. Со еден збор,
одличен е за вашето здравје.
1. На пример, Ајурведската медицина го користи за лекување на астма. Има лековити
својства за респираторни нарушувања, односно алергии.
2. Тоа е корисно во случаи на чир, варење и депресија. Овој зачин со вкус на лимон е
предмет на истражување, кое покажува дека кардамонот е вреден додаток во
секојдневната исхрана.
3. Се смета за диуретик, што го прави корисен за проблеми со уретрата и за чистење на
бубрезите од калциум и урична киселина. Помага и за слабеење, го намалува крвниот
притисок и ги отстранува токсините од телото.
4. Како и неговите сродни билки: куркума и ѓумбир, има антиинфламаторни својства и ја
ублажува болката и отокот, особено во устата и грлото.
Кардамомот содржи витамин Ц, витамин Б6, тиамин, рибофлавин, ниацин, а меѓу минералите
може да се споменат калциум, магнезиум, фосфор, железо, цинк, бакар и манган. Индијците
некогаш, па и денес џвакааат семки од кардамон и на тој начин ги чистат забите. Полн е со
есенцијални масла со антиоксидантни својства.
Се додава во солените и слатките јадења во кујната. На Блискиот Исток се користи за подготовка
на колачи и десерти и за разблажување на вкусот на црно кафе, а се додава и во чај бидејќи го
поттикнува варењето. Добро оди и со овошје (на пример, со варени круши или печени јаболка), а
ако прашокот го додадете во овошна салата, ќе бидете воодушевени од богатиот вкус. Со него
можете да зачинете ориз басмати, булгур или просо, а не заборавајте да го пиете понекогаш и во
вид на чај.
Ајурведскиот чај од кардамом се прави од 1/2 лажичка кардамом во прав, 3 зрна црн пипер едно мало
стапче или лажиче мелен цимет. Сварете една шолја чај. Кога водата ќе зоврие, додадете ги
зачините и варете 5-10 минути додека водата не испари до половина. Тргнете го чајот од оган и
оставете го малку да се излади, а потоа можете да го засладите со мед или стевиа.
На здравје!

Златно млеко

Органска куркума во прав 200гр

Органски кардамом во прав 200гр

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

Секој ден стапалата те носат низ животот. Кога последен пат им подари внимание? Во ајурведската традиција, марма точките се сметаат за важни места на поврзување на телото, здивот и животната енергија — прана. Нивната нега е ритуал на присутност, нежност и внимание кон...

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

Понекогаш најубавиот оброк е чинија топла, домашна чорба — полна со зеленчук, мирисни зачини и вкус што те повикува да забавиш. Во ајурведската традиција, топлата и зготвена храна има посебно место во студените денови, кога Вата се поврзува со студ, сувост и немир....

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

Оваа година, додека го украсувате домот, подарете им внимание и на своите желби за 2027. Успех во работата? Повеќе благосостојба? Љубов и блискост? Топол дом и семејна хармонија? Нови патувања и искуства? Нека секој украс биде мал потсетник на она што сакате да го...