Ви предлагаме една древна техника за дишење која наутро ќе ве разбуди, ќе ве исполни со енергија и радост.
Техниката 4-4-4-4 се практикува само 5 минути и носи енергија за цел ден
Ако наутро се чувствувате поспано и исцрпено, испробајте ја оваа техника која ќе ве разбуди и ќе ве исполни со енергија. Сигурно сте имале утра кога сте се разбудиле поспани, без енергија која ви е потребна за секојдневните обврски. Со пократките денови и студеното време, оваа појава е уште почеста. Освен рано легнување, постои една едноставна работа што можете да ја правите секое утро за брзо да ја добиете потребната енергија. Инструкторката за дишење според др.Авишек кој ја препорачува „техниката за дишење 4-4-4-4“ која го забавува отчукувањата на срцето, ја продлабочува концентрацијата и ја зголемува нашата ефикасност. Направете ја наутро за да се разбудите или среде ден ако сте поспани, а ефикасен е и пред важен состанок кој бара дополнителна концентрација.
Еве што да правите:
Започнете со ослободување на целиот воздух од градите и задржете 4 секунди.
Вдишете низ нос 4 секунди.
Задржете го здивот и вдишете 4 секунди.
Издишете низ носот 4 секунди.
Задржете го здивот 4 секунди. Повторете ја оваа техника 5 минути, а потоа ќе се чувствувате будни и енергични. Најдобро е ако продолжите со 10 минутна медитација.
Оваа вежба е дел од секојдневната јога практика на нашите часови.




0 Comments