*Невозможно е да измамиш емпат*
Запамети!
Емпатот гледа сè во очите на другите. Способни се точно да ја одредат емоцијата и
чувството на другиот.
Тоа се луѓе со голема сочувствителност, со еден збор, вид детектори на вистина и лага.
Имаат уникатна способност, точно да утврдат дали ја кажуваш вистината. И затоа не
троши време и енергија смислувајќи убедлива лага, кога си во релација со емпат.
Емпатите се способни да ги чувствуваат емоциите на луѓето, да ја одредат општата
емоционална состојба на личноста со која комуницираат и да сочувствуваат со него. Оваа
способност им помага да ја подигнат својата интерперсонална интелигенција на ново ниво.
Меѓутоа, иако емпатите имаат развиената интерперсонална интелигенција, често ги
збунуваат емоциите кај луѓето околу, вклучувајќи ги и најблиските, бидејќи ги кријат своите
вистински чувства, емоции, намери и мотиви. Емпатот е во состојба да ги идентификува
без грешка. Тој гледа сè што може да скрие зад маската на радост (рамнодушност итн.).
Емпатот сепак остава простор и се надева дека ќе бидат искрени со него, но тоа не се
случува, луѓето ја кријат својата емоција.
Ако сакаш да изградиш блиски односи со емпат, подобро е секогаш да бидеш искрен. Знај
дека овие луѓе ја чувствуваат лагата во тебе. Не трошете време и енергија за да смислите
убедлива лага. Емпатот веќе ја знае целата вистина.
Еве зошто емпатите се одлични детектори за лаги:
Чувствуваат кога нешто се крие
Силните емоции, како љубомората, завист, алчност, не можат да се сокријат. Дури и ако постојано
се смешкате и се обидувате да покажете среќа, емпатот нема да можете да го измамите. Тој
чувствува се што внатре криете од него. Можете да прелажувате и изневерувате други, но не и
емпатот.
Знаат дека не си толку добар како што се преставуваш
Ако нешто не е во ред со вас, тоа ќе го почувствува вистинскиот емпат. Тој нема да поверува дека
се е во ред со вас, дури и ако му кажете илјада пати дека сте супер. Емпатите сакаат луѓето со
кои комуницираат да бидат што е можно поискрени со нив. Ако некому може целосно да му се
верува, тогаш тоа е емпатот.
Можат да го чујат дури и она што не сакате да го кажете
Навистина е така. Емпата забележува и најмала промена во вашиот глас, неговиот тон и темпо.
Покрај тоа, таков човек знае дека тишината може да значи многу. Емпатот ја препознабва
тишината, го знае што зборува вашата тишина.
Тие забележуваат кога не си свој
Секој од нас е уникатен. Личноста на секој од нас е уникатна. Сите сме свои, истовремено
различни. Некои луѓе се плашат да бидат тоа што се. Емпатот со сигурност го знае тоа.
Сочувствителната личност го гледа и она што вие не можете да го видите. На пример, колку е
убава вашата вистинска природа. Каков личност сте навистина вие. Кога комуницирате со емпат,
дозволете си да бидете свои. Верувај, нема да се покаеш.
Веднаш препознаваат негативни личности
Негативните луѓе не можат да живеат без драма и хаос. Тие ги внесуваат хаосот, негативното
расположение во животот на луѓето околу нив, со оние со кои живеат, работат, на многу вешт
начин воспоставуваат правила на игра, држејќи се силно за позитивните луѓе и настани и вадат
корист за себе. Вистинскиот емпат е во состојба веднаш да препознае човек кој се обидува да
внесе негативност во неговиот живот. Ќе воспостави одредени правила во комуникацијата со
таков човек и ќе се труди да биде што подалеку од него.
Емпатите гледаат се што се рефлектира во твоите очи
Емпатот гледа целосно, затоа секогаш треба да се биде 100% искрен со таков лик. Бидете
едноставни и отворени со нив. Ако имате болка и страдање, емпатот ќе го види тоа. Ако ви е
тешко, тие тоа го знаеет, гледајќи те право во очи. Потребно е само еден поглед и веќе се знаат
се чувствувате. Тие се едни од најгрижливите и најсигурните луѓе на оваа планета. Ако некој може
вистински да разбере и сочувствува, тоа се тие. Таквите луѓе никогаш нема да ве осудат.




0 Comments