Спанаќот поседува извонредни способности да ја врати енергијата, да ја зголеми виталноста и да го подобри квалитетот на крвта. Вклучувањето на спанаќот во исхраната ја стимулира Пита дошата и, кога се користи во умерени количини, ги смирува Вата и Кафа дошите. Мускатното оревче го детоксицира вашето тело и прави да се чувствувате позитивно, додека кардамомот и ѓумбирот ја стимулираат циркулацијата и прават да се чувствувате загреано и топло. Спанаќот во комбинација со Ги маслото го зајакнува вашиот метаболизам, додека кремот од кокос ве одржува хидрирани. Спанаќот помага за зајакнување на имунолошкиот систем и е одличен за целокупното здравје.
РЕЦЕПТ
• 2 шолји свеж спанаќ (исецкајте или исечете ги на мали парчиња):
• 1 лажичка семки од ким
• 1 лажичка Ги масло
• Морско оревче, кардамом и рендан ѓумбир: по четвртина лажичка
• 3 лажици кокосово млеко или 1,5 лажици кокос крем
• 4 лажици вода
• Сол и црн пипер
• Во тенџере додадете Ги масло, а потоа пропржете ги семките, морското оревче и ким додека не поруменат. Додадете го и ѓумбирот (можете да го исечете на ситни парчиња или да го изрендате) и солта. • Додадете го спанаќот и почнете полека да ја додавате водата, па зовријте и варете околу 3-4 минути. • На крајот додадете го кремот од кокос или млекото и продолжете со загревањето уште неколку минути. Потоа изблендирајте и нежно измешајте. • Наросете црн пипер. Послужете топло. Можете да го украсите со чиа семе. Во супата од спанаќ можете да додадете варен грав, киноа или домашен интегрален леб.Одозгоре додадете една лажичка Ги масло.
ДОБАР АПЕТИТ! 😊




0 Comments