Ајурведскиот д-р Aвишек Мишра објаснува зошто здравите црева се предуслов за силна одбрана
од болести.
Ајурведата советува да се земаат пробиотици, со цел да се регулира цревната флора и да
се балансира нивото на бактерии.
Имунитетот е одбраната, војската на нашето здравје и тело. Кога сме здрави, во добра кондиција
и расположение, не обрнуваме внимание на него, но кога ќе почне здравјето да ни оди по надолна
линија, тогаш стануваме свесни дека ни паднал имунитетот и нема кој да не заштити од
„напаѓачите“, вирусите, бактериите, разни патогени и токсини кои ги внесуваме преку исхраната,
загадувањето на воздухот, лошите навики, стравови и стресни ситуаци.
„За да се заштитиме од болести и да го зајакнеме одбранбениот систем на организмот, важно е
здравјето на цревата. Тоа е почеток“, вели д-р А.Мишра.
Зошто цревниот систем е толку важен?
„Во цревата има нормални бактерии кои не дозволуваат токсините да истечат, но ако јадеме лоша
храна, пиеме антибиотици, тогаш ги уништуваме тие добри бактерии“, објаснува др. А.Мишра. „Се
соочуваме со еден проблем-вели тој, храната станува наш непријател:
Бактериите и вирусите се туѓи организми и нè загрозуваат.
Исто така и храната е туѓа, таа е туѓ протеин. Ако не правиме толеранција за храната, ако
не внимаваме, доаѓаме во ситуација да се бориме против неа затоа што може да ни е
непријател, наместо извор на енергија.
Треба да знаеме дека здравите црева се нашето главно оружје кое ни помага да се избориме со
горенаведените непријатели. Ако го нарушиме здравјето на цревата, вели др.А. Мишра тогаш во
нас влегуваат токсини. И наместо придружните Т-регулаторни клетки, се прават оние кои
предизвикуваат воспалителна реакција и го кршат системот.
Доколку нема толерантен одговор, создаваме предуслови за развој на автоимуни
заболувања, малигни заболувања, хронични заболувања, алергии, па дури и ковид“.
Затоа Ајурведата советува да се земаат пробиотици, не е важно кои пробиотици. Повеќето од нас
ги земаат оние кои се препорачани за патување и кои го регулираат варењето. За здрави црева се
препорачуваат оние пробиотици кои содржат корисни бактерии и лесно се врзуваат за
ентероцитите (клетки кои ја сочинуваат внатрешната површина на цревата и кои ги апсорбираат
хранливите материи) и се борат со патогени бактерии и нивните токсини. Ваквите пробиотици го
зголемуваат производството на Т-регулаторните клетки и нивното антиалергиско дејство, што
придонесува за балансирање на одговорот на имунолошкиот систем.
„Треба да пиете пробиотици кои имаат таков состав на корисни бактерии за да се запре
истекувањето, односно пропустливоста на цревата, да се зголеми толеранцијата кон храната што
ја јадеме, да се изврши детоксикација и „солидарност“ со витаминот Д, кој е многу важен за добар
имунитет“, советува др.А.Мишра.
За посериозни проблеми закажете си преглед кај др. Авишек кој редовно доаѓа во Македонија.




0 Comments