fbpx
Лист од маслинка -древен ајурведски лек
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Лист од маслинка -древен ајурведски лек

Лист од маслинка -древен ајурведски лек

by | Дек 13, 2021 | 0 comments

Листот на ова заборавено растение е лек споменат дури и во Ведите, а подоцна и во Библијата
Листот од маслинка чудотворно растение чии лековити својства се споменуваат дури и во
светите книги како природен лек чиј ефект врз телото е огромен.
Маслиновиот лист содржи бројни лековити својства, а една од најактивните супстанции што ги
содржи се нарекува олеуропеин. Ова соединение има силен антибактериски ефект, и затоа може
многу успешно да ја подобри состојбата предизвикана од микроорганизми, како на пример:
гонореја, пневмонија, хепатитис, туберкулоза, менингитис, воспаление на уринарниот тракт.
Покрај тоа, маслиновиот лист спречува инфекции предизвикани од габи.
Супстанциите содржани во маслиновиот лист го зајакнуваат имунолошкиот систем, ја зголемуваат
енергијата, го намалуваат крвниот притисок, шеќерот во крвта и лошиот холестерол, го регулира
отчукувањата на срцето, маснотиите во крвта, атеросклероза, артритис, хроничен замор, чир на
желудник, дијабетес, воспаление на уринарниот тракт итн.
Како се користи листот од маслинка
За една голема шолја, потребно е да имате 10-20 сушени лисја. Доведете ја водата до вриење,
потоа ставете ги лисјата во неа и оставете да се варат уште 2-3 минути. Тргнете ја тавата од оган
и оставете ги лисјата во вода 10 минути, потоа извадете ги и добивате медицински чај. Многу
едноставно. Можете да го пиете како што ви одговара, топло, ладно со додавање на мед или
лимон, или без адитиви. Така, чајот не ги губи лековитите својства. Пијте го секој ден, и сигурно ќе
почувствувате подобрување. Добро е да се пие превентивно, бидејќи според новото
истражување, докажано е дека чајот од маслиново лисја има повеќе антиоксиданси дури и од
зелениот чај, што го прави еден од најздравите чаеви во светот.
Листовите треба да се сушат на воздух и да се чуваат во затворен сад и во темна просторија без
сончева светлина.

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

Секој ден стапалата те носат низ животот. Кога последен пат им подари внимание? Во ајурведската традиција, марма точките се сметаат за важни места на поврзување на телото, здивот и животната енергија — прана. Нивната нега е ритуал на присутност, нежност и внимание кон...

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

Понекогаш најубавиот оброк е чинија топла, домашна чорба — полна со зеленчук, мирисни зачини и вкус што те повикува да забавиш. Во ајурведската традиција, топлата и зготвена храна има посебно место во студените денови, кога Вата се поврзува со студ, сувост и немир....

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

Оваа година, додека го украсувате домот, подарете им внимание и на своите желби за 2027. Успех во работата? Повеќе благосостојба? Љубов и блискост? Топол дом и семејна хармонија? Нови патувања и искуства? Нека секој украс биде мал потсетник на она што сакате да го...