fbpx
Празнична ајурведска веганска сарма
  • Home
  • /
  • Новости
  • /
  • Празнична ајурведска веганска сарма

Празнична ајурведска веганска сарма

by | Дек 29, 2021 | 0 comments

Традиционалните јадења, приготвени на вегетаријански или вегански начин, покрај тоа што се вкусни и здрави, и даваат посебен шарм на празничната трпеза, особено затоа што можеме да се потсетиме на традицијата, на нашите баби и на вкусовите од детството. Едно од најпопуларните зимски јадења е дефинитивно сармата. Има ли правило со кое се полнат сарма? Не постои! Кај нас традиционално се полне со месо, но има многу повкусни и поздрави варијанти на филот. Исто како овој со ориз и булгур … и медалјони од соја кои се богати со протеини. Киселата зелка која го зајакнува имунитетот и го подобрува варењето е идеален сојузник за борба против вирусите, па на ладно време, сармата секако е логичен избор! Наменето е за сите кои сакаат малку да го сменат актуелното мени и да пробаат здраво и вкусно јадење кое ги одбележува зимските месеци.

Состојки 

½ чаши булгур или негова замена според вашата доша

½ чаша домашен ориз

1 чаша трошки од соја или негова замена

2 моркови

1 кромид

2 чешниња лук

1 главица кисела зелка

1-2 лажици Ги масло

Сол и црн пипер/по вкус/

1 Лажичка чадена пиперка

Подготовка: Во топла вода кратко потопете ги трошките и зрната од булгур, ориз и соја. На малку Ги масло пропржете го кромидот, лукот и морковот, па тргнете го од оган и измешајте ги со житариците и сојата. Зачинете и валкајте ги сармите во зелката. Наредете ги во тенџере и прелијте ги со тестенините и водата. Оставете да зоврие, а потоа варете на тивок оган 1-2 часа. Послужете со пире од компири по желба.

 

Пречистен путер Ги (Ghee)

Доша тест

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

Секој ден стапалата те носат низ животот. Кога последен пат им подари внимание? Во ајурведската традиција, марма точките се сметаат за важни места на поврзување на телото, здивот и животната енергија — прана. Нивната нега е ритуал на присутност, нежност и внимание кон...

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

Понекогаш најубавиот оброк е чинија топла, домашна чорба — полна со зеленчук, мирисни зачини и вкус што те повикува да забавиш. Во ајурведската традиција, топлата и зготвена храна има посебно место во студените денови, кога Вата се поврзува со студ, сувост и немир....

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

Оваа година, додека го украсувате домот, подарете им внимание и на своите желби за 2027. Успех во работата? Повеќе благосостојба? Љубов и блискост? Топол дом и семејна хармонија? Нови патувања и искуства? Нека секој украс биде мал потсетник на она што сакате да го...