Природно вратете го сетилото за мирис
Како природно да го вратите сетилото за мирис и вкус е актуелно прашање во зима и во време на грипови и вируси. Сите ние сме се сретнале неколку пати во животот со губење на сетилото за мирис, а со тоа и на чувството за вкус, поради тешки настинки, грипови и вируси. Најдобро и најбезболно би било да се ослободиме на природен начин. Некои луѓе ги вратиле сетилата по закрепнувањето од болеста, додека други тврдат дека нема подобрување во тој поглед многу долг период. Поточно наведуваат дека сетилото за вкус и мирис не им се вратило во нормала ниту по неколку месеци закрепнување од болеста. Добрата вест е дека можете да користите некои домашни ајурведски лекови за природно да го вратите вашето чувство за мирис и вкус. Практикувајте го тренингот за мирис со есенцијални масла.
Современата наука за човекот од секогаш мислела дека има само 5 сетила, но Ајурведата тврди дека имаме од 14-20 сетила за кои не сме ни свесни.
Ѓумбир
Ѓумбирот има карактеристичен, лут мирис што го прави корисен за употреба за подобрување на сетилото за мирис. За таа цел можете да користите ѓумбир во прав или суров.
Пијте чај од ѓумбир.
Природно, пиењето чај од ѓумбир го намалува воспалението на носните дишни патишта, а во исто време го намалува формирањето на вишок слуз што ги блокира носните премини, предизвикувајќи губење на мирис.Треба да напоменеме дека проблемите со синусите се најчесто кафа проблеми. Но луѓето со доминантна пита доша и нејзин дизбалнас треба да внимаваат на количината на ѓумбир која ја внесуваат.
Направете чај од ѓумбир: Излупете го и исечете го на парчиња. Ставете една лажица суров ѓумбир во чаша врела вода околу 15 минути. Можете да џвакате и парче излупен ѓумбир. Џвакајте го полека во редовни интервали. Правете го ова секој ден до целосно заздравување. Аромата на ѓумбирот е силна и може да го подобри вашето чувство за мирис и вкус.
Препорачуваме и редвно користење на ајурведските капки за нос.
Тренинг со мирис – врати го природно сетилото за мирис и вкус





0 Comments