fbpx
Направете си домашно здраво ајурведско септолете
  • Home
  • /
  • Новости
  • /
  • Направете си домашно здраво ајурведско септолете

Направете си домашно здраво ајурведско септолете

by | Јан 15, 2022 | 0 comments

Домашни септолети

Овие здрави и вкусни бонбони со ѓумбир се одлични за вашето грло и го зајакнуваат имунитетот, а и се многу вкусни!

Состојки

2-3 см ѓумбир

десетина зрна семки од анасон

сок од 1/2 лимон

3/4 шолја шеќер

2 лажички органски шафранов мед

1 лажица кардамом

2 лажици вода шеќер во прав по потреба

Подготовка:

Ѓумбирот, излупете го и исечкајте го на ситни парчиња. Во мало тенџере со дебело дно се ставаат шеќерот, водата, ѓумбирот, кардамомот, анасонот (по избор) и сокот од лимон и се варат додека шеќерот не се растопи. Продолжете да готвите на тивок оган, повремено мешајќи. Смесата ќе се пени, но продолжувате да готвите мешајжи додека не добиете густа карамеласта боја. Кога ќе се подизлади додајте мед. Потоа извадете го ѓумбирот и со лажица ставете мали кругови на хартијата за печење. Одозгора посипете шеќер во прав, но не е потребно. Бонбоните брзо ќе се исцедат и потоа ќе ги извадите од хартијата за печење и ќе ги ставите во соодветен сад.

Добро здравје 🙂

Органски кардамом во прав 200гр

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

Секој ден стапалата те носат низ животот. Кога последен пат им подари внимание? Во ајурведската традиција, марма точките се сметаат за важни места на поврзување на телото, здивот и животната енергија — прана. Нивната нега е ритуал на присутност, нежност и внимание кон...

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

Понекогаш најубавиот оброк е чинија топла, домашна чорба — полна со зеленчук, мирисни зачини и вкус што те повикува да забавиш. Во ајурведската традиција, топлата и зготвена храна има посебно место во студените денови, кога Вата се поврзува со студ, сувост и немир....

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

Оваа година, додека го украсувате домот, подарете им внимание и на своите желби за 2027. Успех во работата? Повеќе благосостојба? Љубов и блискост? Топол дом и семејна хармонија? Нови патувања и искуства? Нека секој украс биде мал потсетник на она што сакате да го...