Една волшебна голтка секое утро: ајурведски коктел за подмладување и чистење на црн дроб и тело ♻️
Направете си мешавина од маслиново масло и голтка лимон, и со помош на овој природен коктел исчистете го црниот дроб и подмладете го целото тело.
Здравјето на црниот дроб е многу важно за целокупното здравје на организмот и од голема важност е да го одржувате црниот дроб здрав.
Овој витален орган игра важна улога бидејќи го ослободува нашето тело од токсините и игра важна улога при прочистувањето на организмот во целост.
Здравиот црн дроб обезбедува правилно варење и го подобрува здравјето на вашиот метаболизам.
Со цел да го задржите црниот дроб здрав и чист, ви го предлагаме овој природен и домашен ајурведски рецепт кој е многу лесен за подготовка.
🌱 Рецепт
Измешајте една лажица сок од 🍋 и една лажица органско маслиново масло.
Најдобар резултат ќе добиете ако го земате овој коктел наутро на празен стомак.
После неколку дена, веќе може да ги забележите првите резултати, како што се враќање на енергијата, враќање на здрава боја на кожата, отстранување на темни кругови на очите и подобро варење.
За подлабоко и поефективно чистење на црниот дроб користете ги ајурведските суплементи: Ѓумбир и Брингараџ.




0 Comments