Чај со ѓумбир
Ѓумбирот е корен кој има моќни антиинфламаторни својства. Чајот од ѓумбир е одличен за
лекување болки во зглобовите и артритис. Ајурведата вели дека ако се зема 25 мг ѓумбир дневно
во комбинација со 5 гр ехинацеа еден месец, симптомите предизвикани од ревматоиден артритис
значително би се намалиле.
Подготовка: се сечат или рендаат мали парченца свеж корен од ѓумбир и се полеваат со 2 дл
врела вода. Се покрива и се остава да отстои најмалку 10 минути. Кога малку ќе се олади, може
да се додаде малку органски мед, кој исто така е заштитник на добро здравје и имунитет.
Чајот од ѓумбир би требало да се пие свежо подготвен. Може да се консумира неколку чаши
дневно.
При поголеми воспаленија ви предлагаме Пинда сведана.




0 Comments