fbpx
Ајурведата вели: чајот може да биде лек или отров
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Ајурведата вели: чајот може да биде лек или отров

Ајурведата вели: чајот може да биде лек или отров

by | Апр 28, 2021 | 0 comments

Ајурведата препорачува пиење на топли чаеви.

Грешки што го прават чајот нездрав пијалок Редовното консумирање чај, без разлика дали е црн, зелен или некој друг вид чај, има бројни здравствени придобивки, иако ајурведата не преферира голема количина на овие чаеви.. Се чини дека една чаша чај може да направи чуда за вашето тело. Сепак, колку и да е здрав чајот, ако не внимавате што додавате во него, тој лесно може да стане нездрав пијалок.

Додавате премногу шеќер, дури и ако станува збор за лажичка шеќер, шеќерот е шеќер. Додавањето мала количина шеќер во чајот нема да ви наштети на краток рок. Меѓутоа, ако додадете премногу шеќер, вашиот пијалок може брзо да стане нездрав. Најдобар начин да уживате во чајот е да пиете чај без никакви додатоци. Претерувате со вештачки засладувачи Ако сè уште посакувате нешто слатко во чајот, но не сакате да додадете дополнителни калории, се чини дека добра опција е да користите алтернативни засладувачи кои не содржат калории. Прашањето е колку е безбедно? Иако вештачките засладувачи биле внимателно проучувани со текот на годините, истражувачите сè уште не биле во можност да ја утврдат врската помеѓу вештачките засладувачи и кој било вид на ризик по здравјето. Затоа др. Авишек, ајурведски лекар препорачува да продолжите да ја ограничувате количината на вештачки засладувачи.

Додавање млеко

Додавањето малку млеко во чајот не мора да биде лоша навика, добро е да бидеме свесни за дополнителните калории што ги внесуваме на тој начин.Доколку имате потреба, додадете билно млеко.

Ја држите вреќичката со чај премногу долго во вода

Чаевите содржат и одредена доза на кофеин. Просечната количина на кофеин што ја внесувате пиејќи чај се движи од 20 до 40 милиграми, додека една чаша кафе содржи околу 100 милиграми. Меѓутоа, ако не земете предвид колку долго ја чувате вреќата со чај во вода, количината на кофеин може да се зголеми. Колку подолго ја држите вреќичката или билките, толку појак ќе биде чајот, тој ќе има горчлив вкус и количината на кофеин што ја содржи ќе се зголеми.

Додавање на мед во чајот

Додавањето на медот во чајое е една од најштетните навики. Имено, медот кога ќе се загрее станува отровен.

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

Ајурведска диета за февруари

Ајурведска диета за февруари

Февруари во вашето тело Штом температурите ќе паднат и ќе почнат малку да растат кон крајот на јануари, вашето тело ја менува својата стратегија од градење изолациски масти кон нивно ослободување. Телото ослободува маснотии од истата причина поради која миленичињата...

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

 Зачин вреден злато! Лековитите својства на овој зачин постепено се откриваат низ вековите, а одамна е потврдено дека има силно антивоспалително дејство. Овој зачин е познат низ целиот свет поради неговите многубројни лековити својства. Ако случајно видите на...

Здрав појадок за почеток на денот

Здрав појадок за почеток на денот

Во брзањето и вревата на нашиот секојдневен живот, здравата храна понекогаш ја оставаме на последно место.  Спакувана и студена храна за носење, мусли со додаден шеќер, бел леб и сл.  станаа составен дел од нашата рутина за појадок - вкусна за јадење и исклучително...