fbpx
Ајурведата забранува подготовка на храна во микробранови уреди
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Ајурведата забранува подготовка на храна во микробранови уреди

Ајурведата забранува подготовка на храна во микробранови уреди

by | Окт 28, 2020 | 0 comments

Кога би истражувале за микробрановите, многу малку извори ќе зборуваат за негативните ефекти на микробрановите. И ако го сторите тоа, ќе биде на нејасен, двосмислен начин – цитирајќи дека „истражувањето не е убедливо“ или „немало доволно дефинитивни податоци за да се докаже“.

Да, микробрановите имаат свои добри страни – практичност и леснотија за брзо загревање на храната, но исто така имаат и прилично лоши страни:
.
⚠️ постојаната изложеност на зрачење што го емитираат микробрановите може да биде штетно за организмот. Замислете дека името на уредот е микро-бран – еве што емитира – бранови на електрична и магнетна енергија – и сето ова минува низ вашата храна, не може да биде добра работа нели?
⚠️ пластика загреана во микробранови може да исфрли големи количини на бисфенол А (БПА)
⚠️ загревањето на оброците во микробранови може да ја одземе голема количина од нивната хранлива вредност.
.
Од ајурведска перспектива на приготвување храна – не важи тоа. Барањето на модерниот човек за практичност носи високи ризици и токсиќност за почвата и за нашето здравје. Можеби сега загреваме храна побрзо – но дали е ова нужно, а е подобро за нас? Забрзаното загревање на храната во микробранови не само што ја уништива праната /енергијата/  во храната, туку и ја влошува вата дошата во нашето тело. Можеби не ги гледаме ефектите веднаш, но со текот на времето се манифестира како намален метаболизам, кој потоа може да продолжи да биде причина за цела низа други проблеми.
.
Нема да презентираме сензационални факти кои што ги знете за негативностите на микробрановите, туку повеќе алтернативи што можете да ги примените:
.
🍲 инвестирајте во термос. Ако приготвувате од дома ручек за на работа, тогаш инвестирајте во сад за храна за да го задржите вашиот ручек топол. Може да земете супи, чорби, кичари, дал, ориз, тестенини – скоро за сè! Ве спасува од тоа да мора да користите микробранова печка на работа и ќе добиете топол ручек.
🍲 ако работите од дома и ја загревате храната, загрејте ги во тенџере на шпорет. Можете дури да ги пренамените на овој начин – додавајќи малку ги и црн пипер за да внесете нов живот во нив.
🍲 ако немате ни една од претходните можности освен микробрановата печка за да го загреете вашиот оброк – тогаш наместо тоа користете термос или шише со топла вода – останува потопло многу подолго од било која друга варијанта!

Добро здравје 🙂

Вата

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

Секој ден стапалата те носат низ животот. Кога последен пат им подари внимание? Во ајурведската традиција, марма точките се сметаат за важни места на поврзување на телото, здивот и животната енергија — прана. Нивната нега е ритуал на присутност, нежност и внимание кон...

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

Понекогаш најубавиот оброк е чинија топла, домашна чорба — полна со зеленчук, мирисни зачини и вкус што те повикува да забавиш. Во ајурведската традиција, топлата и зготвена храна има посебно место во студените денови, кога Вата се поврзува со студ, сувост и немир....

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

Оваа година, додека го украсувате домот, подарете им внимание и на своите желби за 2027. Успех во работата? Повеќе благосостојба? Љубов и блискост? Топол дом и семејна хармонија? Нови патувања и искуства? Нека секој украс биде мал потсетник на она што сакате да го...