Пиво и здравје
Сте размислиле ли некогаш дали пивото е здрав пијалок, дали треба да се консумира? Редок и
неочекуван одговор е „ДА здраво е„ да се консумира пиво во помали количини, на пример 1литар
дневно и најчест одговор е„НЕ е здраво„ кога се консумира во поголеми количини, кога настанува
хронична интоксикација и полека но сигурно се уништува еден од најважните органи кај човекот –
црниот дроб. Алкохолот е штетен бидејќи ја намалува функција на мозокот, работната меморија,
го зголемува ризикот за добивање канцер и многу други болести. Според научните истражувања,
алкохолизмот е причина за настанување смртност, дури 3,8% од сите смртни случаи на глобално
ниво.
Како и за повеќето нешта во животот, умереноста како категорија е клучна и е граница меѓу
корисноста и штетноста од консумирање на овој пијалок.
Пивото е составено од вода и ферментирани зрна јачмен. Најчесто содржи 4 до 6%
алкохол, но постои и безалкохолна варијанта на нашиот пазар.
*содржи 146 калории,
*Витамини:
Витамин Б2: 0,1 мг (3% од дневните потреби)
Витамин Б3: 1,4 мг (7%)
Витамин Б6: 0,1 мг (6%)
Фолна киселина: 21,2 mcg (5%)
*Минерали:
Магнезиум: 17,7 mg (4%)
Фосфор: 42,5 mg (4%)
Калиум: 74,3 мг (2%)
Селен: 1,4mcg (2%)
Пивото го намалува ризикот од создавање камен во бубрезите, формирање песок и бигор. Покрај
придобивките од консумирање пиво за здравјето на бубрезите, умерената потрошувачка на овој
пијалок може да биде добра за срцето и циркулаторниот систем. Теоријата вели дека пивото
наводно ги проширува sидовите на желудникот бидејќи „отекува“, но тоа не е вистина. Храната и
течноста што ја пиеме минува низ стомакот и цревата. Нашиот стомак не е само обичен сад што
се шири, туку група од неколку различни органи, од кои секој има своја функција. Стомакот обично
се шири од внесување прекумерно количество маснотии вишок калории и слаба физичка
активност.
Три литри пиво во себе содржи преку 700 калории. Ако заедно со него јадете грицки и чипсови
дополнително, веќе сте на 1000 калории (што е еквивалентно на два просечни ручеци) и еве ја
причината за вашиот стомак.
***Умереност, свесност и физичка активност, рецепт за одлично здравје.
0 Comments