fbpx
Ајурведата препорачува секое утро по една лажица лен
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Ајурведата препорачува секое утро по една лажица лен

Ајурведата препорачува секое утро по една лажица лен

by | Авг 17, 2021 | 0 comments

Зошто секое утро треба да конзумирате барем една лажица лен?

Ленот може да биде одлична замена за јајца (за вегани). Одличен извор е на здрави масти и посебни билни влакна кои позитивно влијаат на организмот.

Лененото семе е намирница која е повеќе од препорачливо да се воведе во секојдневната исхрана. Ленот е одличен растителен извор на омега 3 масни киселини. Повеќе истражувања укажале дека омега 3 масните киселини придонесле за намалување на воспаленијата во организмот, а исто така многу поволно влијание и на здравјето на коските, срцето и мозокот. Освен тоа, мастите даваат чувство на ситост, па ако додадете лажица ленено семе во својата утринска каша или смути, ќе бидете сити многу подолго.

Ленот е посебен на уште еден начин. Само една лажичка лен ви дава 20 отсто од препорачаната количина на растителни влакна. Притоа, ленот содржи посебни влакна, т.н. лигнани за кои се знае дека имаат антиканцероген ефект.

Кога ленот ќе го оставите потопен пократко време во течност, тој набабрува, што придонесува за чувството на ситост кога ќе го изедете. Освен тоа, потопениот лен станува слузав и во комбинација со влакната кои ги содржи, има благ лаксативен ефект, што е исто така добра работа.

За оние кои постат или не консумираат јајца, добра вест е што ленот може да послужи како целосно соодветна замена за јајца во колачите, палачинките, пецивата и во други јадења. За да добиете замена за едно јајце, помешајте лажица мелен лен со три лажици вода. После 10 минути, ленот ќе стане желатинозен, такашто по конзистенцијата ќе потсетува на јајце и ќе можете и натаму да го користите во рецептите наместо јајца. Уште една добра работа е што ова „ленено јајце“ има наполу помалку калории од обичното јајце, такашто намирниците кои ќе ги подготвите со лен наместо со јајце ќе имаат помалку калории.

Ајурведата препорачува додавање на лен во секојдневната исхрана бидејќи е добар дигестив.

Што треба да знаете?

За да може хранливите материи на ленот да се искористат, неопходно е ленот да се сомеле пред употреба. Семето на ленот има многу тврда обвивка, па ако само додадете ленено семе во било кој оброк, тоа само ќе помине низ органите за варење несварено. Исто така, меленото ленено семе треба да се употреби веднаш, затоа што многу брзо оксидира. Ако купувате мелено ленено семе, тогаш внимавајте да биде во специјални пакувања кои спречуваат оксидација.

Не заборавете по конзумацијат ана ленот земете голема количина топла вода.

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

Секој ден стапалата те носат низ животот. Кога последен пат им подари внимание? Во ајурведската традиција, марма точките се сметаат за важни места на поврзување на телото, здивот и животната енергија — прана. Нивната нега е ритуал на присутност, нежност и внимание кон...

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

Понекогаш најубавиот оброк е чинија топла, домашна чорба — полна со зеленчук, мирисни зачини и вкус што те повикува да забавиш. Во ајурведската традиција, топлата и зготвена храна има посебно место во студените денови, кога Вата се поврзува со студ, сувост и немир....

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

Оваа година, додека го украсувате домот, подарете им внимание и на своите желби за 2027. Успех во работата? Повеќе благосостојба? Љубов и блискост? Топол дом и семејна хармонија? Нови патувања и искуства? Нека секој украс биде мал потсетник на она што сакате да го...