Како до брзо смирување на иритирана кожа!
Егзема или дерматитис е воспалително заболување кое се манифестира со интензивна сувост,
црвенило и пукање на кожата. Лице со егзема често чувствува силно чешање, а кожата може
повремено да крвари.
Егзема или дерматитис укажува дека имате внатрешен проблем, односно алергија на
храна. Ако имате егзема, прво проверете дали сте преосетливи на пченица или глутен,
млечни производи или ореви. Ако откриете дека сте чувствителни на некоја храна, важно е
да ја исфрлите од вашата исхрана.
Имено, бањите се многу добри за ублажување на егземата затоа што делуваат хидрирајќи
ја сувата, измачена и оштетена кожа. Негувањето на кожата со состојки, како што се
камилица, маслиново масло и сода бикарбона толку нежно и благопријатно делуваат на
кожата што се погодни и за детска кожа погодена од егзема или атопичен дерматитис. Исто
така, мешавината од овес и камилица, преставуваат„ совршено дуо„ за хидрирање и
смирување на кожата. Познато е дека овесот ја ублажува сувата кожа создавајќи заштитна
бариера, ја чисти и хидрира истата. Овесот има и антиинфламаторни својства, што значи
дека ќе го ублажи непријатноста предизвикана од егзема, односно ќе ја намали
иритацијата, црвенилото и чешањето на кожата. Камилица во бања, смирува воспалителни
процеси на кожата, релаксира со својот мирис и дава добар сон, особено кај децата.
Како да ја направите бањата?
1/2 чаша овес (ситно мелен овес во мелница за кафе или блендер)
1/4 чаша сода бикарбона
3 лажици маслиново масло
Наполнете ја кадата со топла вода и додадете ги наведените состојки. Легнете во бањата и
уживајте во бањата најмалку 20 минути. По оваа бања, вашата кожа ќе биде смирена, мека, нежна
и хидрирана. Оваа бања е добра и за вашето дете ако има егзема или атопичен дерматитис. За
многу мали деца, за бебешка бања, намалете ја количината на состојки: ќе ви требаат
2 лажици ситно мелен овес, 1 лажица сода бикарбона и 3 лажички екстра девствено маслиново
масло. Сода бикарбона делува како природен антисептик и средство за чистење на кожата.
Смирува црвенило и иритација. Маслиновото масло совршено ја лекува кожата. Сите состојки
заедно прават чуда на телото и умот.
Не заборавете на крај да нанесете од нашето ајурведско масло на зафатените делови.
0 Comments