fbpx
Ајурведска вода од свежи ливчиња од роза
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Ајурведска вода од свежи ливчиња од роза

Ајурведска вода од свежи ливчиња од роза

by | Јун 17, 2020 | 0 comments

Започнува сезоната на розата – лековити ајурведски рецепти од миризливи ливчиња.

Сезоната на розите е во полн ек, а со тоа и можноста за подготовка на лековити растителни напитоци на оваа кралица на цвеќињата.
Опојниот цветен мирис на розата ги стимулира позитивните емоции и доброто расположение и дава чувство на блаженство и луксуз.
Но, розите не се само миризливи и убави, туку се користат од античко време за негување на нивните лековити својства.
Ајурведата длабоко ја почитува розата заради нејзината способност да го зајакне срцето и да го балансира умот и емоциите.
Розата истовремено го лади и го поттикнива дигестивниот оган (Агни) а има и лековит и анти-инфламаторен ефект на дигестивниот систем.
Овој уникатен цвет ги балансира сите три доши и затоа е високо ценета ајурведска храна и напиток.
Поради своите лековити својства, розата се користи како тоник за крвта, стимуланс за барење, афродизијак, регулатор на менструалниот циклус кај жените и за подмладување на кожата.
Ги подобрува машките и женските репродуктивни органи, и ја зајакнува потенцијата, ефикасно го чисти црниот дроб, бубрезите и слезината.

Ајурведска вода од свежи ливчиња од роза

Изберете органски рози кои не се третирани со пестициди и инсектициди. Ливчињата измијте ги за да ја отстраните нечистотијата, какви било инсекти, итн.
Саканата количина ливчиња ставете ја во емајлиран сад, рамномерно раширете ги и потоа посипајте ги со дестилирана вода во доволна количина за да ги покриете сите ливчиња.
Ако ставите премногу вода, водата ќе мириса посиромашно, што сигурно не го сакате.
Покријте го садот и ставете го на многу тивок оган. Не дозволувајте водата да врие, бидејќи премногу топлина ќе ја уништи бојата и другите својства на водата.
По околу 20 минути, ливчињата ќе станат посветли и водата ќе ја добие бојата на ливчињата.
Исцедете ја течноста, истурете ја во тегла и зачувајте ја во фрижидер.

Употреба во рок од 6 до 7 дена.

 

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

Ајурведска диета за февруари

Ајурведска диета за февруари

Февруари во вашето тело Штом температурите ќе паднат и ќе почнат малку да растат кон крајот на јануари, вашето тело ја менува својата стратегија од градење изолациски масти кон нивно ослободување. Телото ослободува маснотии од истата причина поради која миленичињата...

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

 Зачин вреден злато! Лековитите својства на овој зачин постепено се откриваат низ вековите, а одамна е потврдено дека има силно антивоспалително дејство. Овој зачин е познат низ целиот свет поради неговите многубројни лековити својства. Ако случајно видите на...

Здрав појадок за почеток на денот

Здрав појадок за почеток на денот

Во брзањето и вревата на нашиот секојдневен живот, здравата храна понекогаш ја оставаме на последно место.  Спакувана и студена храна за носење, мусли со додаден шеќер, бел леб и сл.  станаа составен дел од нашата рутина за појадок - вкусна за јадење и исклучително...