Убава, вкусна и здрав вечера за оваа сезона
– 2 органски цвекла со лисја
– 1 компир или батат – сладок компир
– 1-2 моркови
– сецкан магдонос
– 1 мал корен од целер
– 1/4 лажичка свежо сецкан ѓумбир или 1/2 лажичка ѓумбир во прав
– 3 лажици маслиново масло
– сок од половина лимон
– 1 лажичка наздравен бел семе од сусам
– 1/2 лажичка на здравени семки од тикваи куркума
– сол и црн пипер по вкус.
– 1 литар вода.
Подготовка: Исечете го целиот зеленчук и варете го во топла вода со малку сол. Откако ќе омекне, додадете маслиново масло, црн пипер, малку сусам, ленени семки и семки од тиква. – Додадете ги исецканите лисја од цвеклото, оставете да се крчка 5 минути и исклучете го огнот. Држете покриено 5-10 минути. Ставете во чинија и украсете со лисја од свеж магдонос и сок од лимон, уживајте со парче интегрален леб и екстра девствено маслиново масло.
Добар апетит 🙂




0 Comments