100 грама спелтино интегрално брашно
30 грама ‘ржано брашно
сезонско овошје, боровници, јагоди, малини, капини (околу 200-400гр)
1 чаша кисела вода (2 децилитри)
1 јајце
2 лажички прашок за пециво
1 лажичка кардамом
2 лажици ги – стопен путер
Измешајте ги сите суви состојки, во друг сад, изматете го јајцето со киселата вода и додадете во сувата смеса. Промешајте и додадете го овошјето. Во тавата ставете 2 лажици ги масло да се стопат, а потоа додадете го врело во смесата за пишии, промешајте уште еднаш и печете.
Бидете креативни, додавајте други зачини, состојки по свој вкус и тоа што одговара на вашата доша. Одозгоре прелијте со засладувач кој вам ви одговара и некое парче сезонско овошје.
0 Comments