За нешто повеќе од 20 минути може да направиме здрав десерт, кој ќе ја победи секоја наша
криза за слатко нешто. Главна состојка за овој десерт е бананата, овошје кое го зголемува
серотонинот (хормонот на среќата) и го подигнува расположението. Бананите содржат калиум,
клучен за правилна функција на срцето. Е сега, замислете во комбинација со чоколадо или какао
(состојки за стимулирање среќа), добиваме брз колач кој секој ден ни носи радост и среќа.
Потребни состојки
3 банани
1/4 чаша кокосово брашно
1/4 чаша суров какао во прав
1/2 чаша путер од бадеми
2-3 лажици сецкани бадеми или лешници
1 лажичка кардамом
Подготовка:
Прво, ја загреваме рерната на 180 степени, потоа со вилушка ги пасираме трите банани.
Додаваме путер од бадеми во смесата од банана и со дрвена лажица мешаме во круг за да се
спојат и преточат двете смеси една во друга и на крај ги додаваме другите состојки: кокосовото
брашно, какаото во прав, кардамомот и сецканите бадеми или лешници. Со дрвена лажица, со кружни
движења мешаме додека масата не стане еднолична.
Го обложуваме плехот со хартија за печење, потоа ја истураме смесата во плехот и ја ставаме да
се пече во веќе загреаната рерна околу 20 минути.
Колачот го сечеме на парчиња откако добро ќе се излади. Може да се сервира со чаша
бадемово или оризово млеко.




0 Comments