fbpx
Ајурведски лек за сите болести – Ги путер
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Ајурведски лек за сите болести – Ги путер

Ајурведски лек за сите болести – Ги путер

by | Јун 14, 2020 | 0 comments

Што е #ги путер?

#Ghee путерот e прочистено масло и се добива со процес на топење и готвење на путер на многу ниска температура. Тој по состав има многу блиска маснотија со човечкото тело и продира до сите делови од телото каде врши позитивно влијание на телото и менталните функции. Во текот на припремата на путерот водата ќе испари, а млечните материи кои ќе испливаат на површина се собираат со дрвена лажица. На овој начин се добива вкусно и исцелително масло без било какви додатоци кое потоа се користи за готвење, козметика, ајурведски третмани… Правилно произведен не е потребно да се чува во фрижидер, нема да се расипе, напротив, ќе добие на квалитет.

Ги путерот е главна “мирудија” во ајурведскатото готвење, ја збогатува храната и се користи за пржење.

Лековити својства:

  • Ја подобрува меморијата
  • Ја јакне интелигенцијата
  • Регулира столица
  • Го подобрува видот
  • Го зајакнува имунитетот
  • Ја зајакнува виталноста
  • Го запира процесот на стареење
  • Ги зацелува раните и повредите
  • Ги чисти крвните садови
  • Ги штити зглобовите
  • За лоша пробава
  • Го подобрува памтењето
  • Го намалува нивото на штетниот холестерол во крвта

Овој путер е лековита и исцелителна намирница којашто содржи заситени и незаситени масни киселини. Тој не содржи казеин и лактоза, и затоа е погоден за луѓе кои се алергични на млеко. Во својот состав не содржи сол, ароми, збогатувачи на вкус, шеќери, конзерванси и штетни материи.

Како да подготвите ајурведски путер?

Во ајурведата ги се користи како база или носител на лекови. Ги ја подобрува екстракцијата, абсорпцијата и асимилацијата на лековитоста на маслото.

Состојки:

  • 4 дела ги путер
  • 16 делови вода

Подготовка:

Ставите ги во сад сите три состојки и варете на ниска температура се додека водата не испари. Кога ќе се олади во него може да се додаде витамин Е, како природен конзерванс. Кога се употребува Ги во комбинација со билки, тој ги пренесува својствата на билките до сите станици на организмот. Ги се употребува и е одличен за масажа на телото, кое го впива Ги-путерот и до 60 проценти.

Како најлесно да направите Ги путер

Во голем сад ставете 1-2 кг. несолен путер /поквалитетен и органски/.

Путерот ставете го во садот и загревајте го на нисла температура, се додека не се стопи.

Пополека зголемете ја температурата. Кога тој ќе зоврие, намалете ја температурата.

Продолжете со готвење на ниска температура и одвреме на време, отстранете ја пената која се создава и не мешајте го путерот.

По 30-тина минути путерот ќе стане проѕирен, со прекрасен мирис, а на дното ќе се појави карамелизирана кафен талог, а потоа оставете путерот да се излади.

Процедете низ газа и префрлете го во стаклена сад и затворете кога ќе се излади. По неговото ладење ќе се обои во прекрасно жолто златно масло

Се вели дека рокот на чување му е неограничен.

Нека ова лековито масло стане нераскинлив дел од вашата кујна.

 

 

МАСЛА

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

Ајурведска диета за февруари

Ајурведска диета за февруари

Февруари во вашето тело Штом температурите ќе паднат и ќе почнат малку да растат кон крајот на јануари, вашето тело ја менува својата стратегија од градење изолациски масти кон нивно ослободување. Телото ослободува маснотии од истата причина поради која миленичињата...

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

 Зачин вреден злато! Лековитите својства на овој зачин постепено се откриваат низ вековите, а одамна е потврдено дека има силно антивоспалително дејство. Овој зачин е познат низ целиот свет поради неговите многубројни лековити својства. Ако случајно видите на...

Здрав појадок за почеток на денот

Здрав појадок за почеток на денот

Во брзањето и вревата на нашиот секојдневен живот, здравата храна понекогаш ја оставаме на последно место.  Спакувана и студена храна за носење, мусли со додаден шеќер, бел леб и сл.  станаа составен дел од нашата рутина за појадок - вкусна за јадење и исклучително...