fbpx
Ајурведски марма третман за подобра дигестија
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Ајурведски марма третман за подобра дигестија

Ајурведски марма третман за подобра дигестија

by | Сеп 10, 2021 | 0 comments

Марма третман за подобра дигестија

Марма точка означува енергетски центар на телото. Телото има околу 108 разни точки низ телото и сите имаат своја функција.

Ако се чувствувате надуени и имате слаба дигестија пробајте ја овој две-минутен марма третман!
Лошото варење на храната и надуеноста често се резултат на неправилна исхрана, прејадување
или консумирање храна на која сте чувствителни. Но, варењето на храна може да биде резултат
на зголемен стрес и нервоза.

Во секој случај, ако имате такви заболувања и непријатности, обидете се со оваа едноставна два-
минутна стомачна марма масажа.

Знаете дека допирот се смета за исцелување од памтивек, па зошто не си помогнете самите
себе? Пробајте го овој едноставен марма третман и уверете се самите во брзото исцелување.
Тоа што е важно и што би ви помогнало во што побрзи резултати од овој третман е да бидете
сигурни дека внесувате доволно течности во текот на денот. Пијте најмалку 6-8 чаши вода дневно
– ова ќе ја зголеми цревната перисталтика.

Марма третман за подобра дигестија и релаксација
Абдоминалниот марма третман придонесува за создавање на топлина и релаксација на
стомачните мускули. Нежно ќе го стимулира варењето и ќе ве ослободи од надуеност и запек.
Секој третман има релаксирачки ефект, така што ќе ви помогне да се ослободите од
вознемиреност или стрес, што е уште една можна причина за надуеност.

1. Легнете на грб, на кревет или на под. Свиткај ги колената.
2. Ставете ги двете дланки, рамо до рамо, на долниот лев раб на ребрата, така што прстите се
испружени кон стомакот или карлицата. Нанесете помал притисок на прстите на стомакот. Потоа
полека движете ги дланките надолу, кон левиот колк. Застанете таму за момент.
3. Продолжете со поместување на дланките (прстите надолу) преку стомакот кон десниот колк.
Ако правилно го изведувате третманот, треба да ги поминете дланките преку папокот, а врвовите
на прстите треба да се протегаат веднаш над горниот дел од карлицата.
4. Не задржувајте го здивот додека го изведувате третманот. Дишете нормално. Кога ќе
стигнете до десниот колк со дланките. Направете кратка пауза.
5. Потоа поместете ги дланките нагоре, кон работ на десните ребра. Застани за миг, потоа
испружете ги дланките над стомакот до левата страна на ребрата, почетната позиција.
6. Повторете неколку пати со бавно заокружување на дланките во насока на стрелките на
часовникот, а потоа сторете го истото во насока спротивна од стрелките на часовникот. Може да
го зголемите притисокот на прстите малку при секое повторување, но тоа не треба да биде болно
или непријатно.
***Овој марма третман можете да го изведувате без нанесување масло или крем, но доколку
имате при рака, користете малку етерично масло од нане, што дополнително ќе ги стимулира
цревата.

***Не правете ја оваа масажа ако сте бремени или неодамна сте имале операција на
гастроинтестиналниот тракт.
***Не јадете тешка и зачинета храна или голема количина тешност непосредно пред масажата.
Најдобро е да пиете вода по масажата, во мали голтки.

Овој и други марма третмани се изведуваат редовно во нашиот ајурведски центар.

Доколку има нејасноти слободно побарајте не!

 

ТРЕТМАНИ

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

Ајурведска диета за февруари

Ајурведска диета за февруари

Февруари во вашето тело Штом температурите ќе паднат и ќе почнат малку да растат кон крајот на јануари, вашето тело ја менува својата стратегија од градење изолациски масти кон нивно ослободување. Телото ослободува маснотии од истата причина поради која миленичињата...

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

 Зачин вреден злато! Лековитите својства на овој зачин постепено се откриваат низ вековите, а одамна е потврдено дека има силно антивоспалително дејство. Овој зачин е познат низ целиот свет поради неговите многубројни лековити својства. Ако случајно видите на...

Здрав појадок за почеток на денот

Здрав појадок за почеток на денот

Во брзањето и вревата на нашиот секојдневен живот, здравата храна понекогаш ја оставаме на последно место.  Спакувана и студена храна за носење, мусли со додаден шеќер, бел леб и сл.  станаа составен дел од нашата рутина за појадок - вкусна за јадење и исклучително...