fbpx
Ајурведски прав против вишок слуз и продуктивна кашлица
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Ајурведски прав против вишок слуз и продуктивна кашлица

Ајурведски прав против вишок слуз и продуктивна кашлица

by | Фев 1, 2021 | 0 comments

Според Ајурведата, зимата е студена и сува сезона во која доминира вата доша.

Вата доша често се манифестира во телото како груба, сува и испукана кожа, сувост во синусите и иритирано и суво грло.

Поради фактот што во текот на зимските месеци дишеме ладен зимски воздух и често престојуваме во многу загреани простории, слузницата на респираторниот тракт се суши се повеќе и повеќе.

За оптимално здравје и силен имунолошки систем, на телото му треба слуз што обезбедува природна заштита на епителните облоги на дигестивниот и респираторниот систем.

Меѓутоа, кога мукозните мембрани на телото се иритираат поради сезонски промени, тие можат да произведат премногу малку или премногу слуз.

Здравјето на мукозата е од суштинско значење

Недостаток или вишок на слуз во респираторниот или дигестивниот систем може да ја смени природната средина што поддржува здрави и корисни бактерии.

Прекумерното или исцрпено создавање на слуз, а на тој начин станува почва за несакани бактерии и го нарушува здравјето и рамнотежата на целото тело.

Таквата нерамнотежа во телото доведува до настинки и воспаленија на респираторниот систем во текот на зимата.

Сувоста ги иритира мукозните мембрани, што го стимулира формирањето на вишок слуз во респираторниот систем.

Многу брзо носот почнува да истекува и една од непожелните последици е иритирачка и постојана кашлица која не престанува.

Ако кашлицата стане продуктивна (зелена или жолта слуз), хронична или постојана, тогаш најдобро е да го посетите вашиот ајурведски лекар затоа што насобраната слуз станува плодна почва за разни бактерии, вируси па дури мувли и т.н..

 

Ајурведски прав против вишок слуз и продуктивна кашлица

Овој традиционален ајурведски прав се користи за долготрајна, продуктивна кашлица.

Подготовката е многу едноставна, а за овој рецепт потребни ни се само 3 состојки: интегрален или црн сусам (неизлупен сусам), ѓумбир и нерафиниран шеќер.

Црниот сусам е исклучително лековит и е одличен за имунитет, а ѓумбирот го поттикнува здравјето на мукозните мембрани на респираторниот систем и ја елиминира вишокот слуз.

Џагари или нерафинираниот шеќерот се користи во многу традиционални ајурведски формули поради неговата сладост и богатство со минерали и се смета за добар за срцето и хранлив за организмот.

Состојки:

1 лажичка ѓумбир во прав или лажица сок од свеж ѓумбир

1 лажичка кардамом

2 лажички шеќер
4 лажички мелени црн сусам

Подготовка:

Ставете ги сите мелени состојки во сад и добро измешајте, а потоа чувајте ги во херметички тегла. Чувајте го во фрижидер најмногу една недела.

Дозирање:

Земете доза од 1 лажичка, 3-4 пати на ден.

Најдобро е да се земе овој природен лек во сува форма, без никакви адитиви. По голтањето, можете да пиете малку вода.

Слузот во грлото постепено ќе се раствори со дејството на овој прав, а ефектот ќе го почувствувате за 3-4 дена.

Посакуваме добро здравје.

 

Органски кардамом во прав 200гр

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

Секој ден стапалата те носат низ животот. Кога последен пат им подари внимание? Во ајурведската традиција, марма точките се сметаат за важни места на поврзување на телото, здивот и животната енергија — прана. Нивната нега е ритуал на присутност, нежност и внимание кон...

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

Понекогаш најубавиот оброк е чинија топла, домашна чорба — полна со зеленчук, мирисни зачини и вкус што те повикува да забавиш. Во ајурведската традиција, топлата и зготвена храна има посебно место во студените денови, кога Вата се поврзува со студ, сувост и немир....

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

Оваа година, додека го украсувате домот, подарете им внимание и на своите желби за 2027. Успех во работата? Повеќе благосостојба? Љубов и блискост? Топол дом и семејна хармонија? Нови патувања и искуства? Нека секој украс биде мал потсетник на она што сакате да го...