fbpx
Ајурведски сатвички сладолед од манго
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Ајурведски сатвички сладолед од манго

Ајурведски сатвички сладолед од манго

by | Авг 7, 2020 | 0 comments

Храната со сладок вкус спаѓа во групата сатвички, хранливи, поттикнувачки и смирувачки јадења.  Во ајурведата десертите често се јадат пред главниот оброк, бидејќи сладоста го стимулира дигестивниот оган (Агни) и во исто време ја смирува пита дошата.  Летото е време на пита дошата.
 Полумрзнато манго
 (за 4 лица)
 2 зрели манго плодови или соодветна манго пулпа
 250 мл крем вегански
 малку вода од роза
прстофат кардамон, цимет, ванила, јаворов сируп по вкус, стевија или мед како засладувачи
 Излупете го мангото, извадете го семето и изблендирајте.  Изматете го кремот додека не се зацврсти.  Измешајте го манго пирето или манго пулпата, кремот, розавата вода, зачините и засладуваќите по избор, неколку минути заедно.
Ставете ја мешавината од манго во сад што е отпорен на замрзнување, а полумрзнатото овошје или сладоледот е добро за регулација на пита дошата од ајурведска гледна точка. Препорачливо е за Вата и Кафа само во мали количини и само во многу топли лета.
 Оставете го да замрзне околу 1 час во замрзнувач / или убаво да се излади.  Извадете и повторно измешајте добро, за да не се формираат кристали од мраз одозгоре, а полумрзнатата храна останува кремаста.
 Во ајурведското готвење, млекото не се препорачува за варијации на “десерт” во комбинација со овошје.  Исто така, за кремите и пудинзите, мешавина од вода-крем или оризово млеко се претпочита како полесна варијанта.
Семето од мангото изтолчено и измелено се користи во ајурведата за лекување од неизлечиви паразити.
Споделете корисна содржина со вашите најблиски 🙂

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

Секој ден стапалата те носат низ животот. Кога последен пат им подари внимание? Во ајурведската традиција, марма точките се сметаат за важни места на поврзување на телото, здивот и животната енергија — прана. Нивната нега е ритуал на присутност, нежност и внимание кон...

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

Понекогаш најубавиот оброк е чинија топла, домашна чорба — полна со зеленчук, мирисни зачини и вкус што те повикува да забавиш. Во ајурведската традиција, топлата и зготвена храна има посебно место во студените денови, кога Вата се поврзува со студ, сувост и немир....

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

Оваа година, додека го украсувате домот, подарете им внимание и на своите желби за 2027. Успех во работата? Повеќе благосостојба? Љубов и блискост? Топол дом и семејна хармонија? Нови патувања и искуства? Нека секој украс биде мал потсетник на она што сакате да го...