fbpx
Ајурведски третман кој лесно ги отстранува дамките од лицето
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Ајурведски третман кој лесно ги отстранува дамките од лицето

Ајурведски третман кој лесно ги отстранува дамките од лицето

by | Апр 19, 2021 | 0 comments

Билката чувар куќа е моќен сојузник во негата кај мрсна кожа, ги отстранува дамките и лузните од акните. Таа во едно е и заштитник на домот, позната по многуте лековити својства, убавина и здравје на лицето и кожата. Оваа билка е моќен заштитник на домот и е лековито растение кое дава брзи резултати за нега на лицето  Оние кои добро ги познаваат лековитите својства на чувар куќа, велат дека станува збор за вистинска „домашна алое“. И навистина – и двете растенија се одлични при санирањето на последиците од иритираната кожа, како и нејзината хидратација, покрај фактот дека чувар куќа има и посилни воспалителни ефекти. Ефектот на заштита на кожата на лицето која е богата со масла, смола, полисахариди, калциум, танин, мравја и јаболкова киселина. Танинот е силен борец против слободните радикали, ги смирува воспалителните процеси, ја штити кожата од штетно УВ зрачење, ја одржува виталноста на кожата подолго и го забавува стареењето. Има голема количина на АХА киселини, кои се одличен избор за поддршка на хемиски пилинг. Ова растение ќе ја смири кожата што ја мачат акните и лузните што остануваат од нив, но исто така ќе има смирувачки ефект и на кожата која е премногу изложена на сонце и ја хидрира на вистински начин. Таа ќе ја направи кожата помека и помирна. Обидете се со овој домашен рецепт кој е на листата на моќни природни лекови за кои е лесно да се спремаат и имаат одличен и докажан ефект.

Здрав третман кој ги отстранува дамките од лицето

Оваа мешавина, ако имате доволно трпеливост да ја направите, ќе и обезбеди на вашата кожа нега како најскапиот хидратантен крем.

Потребно е: подебели и поголеми лисја на билката чувар куќа, околу 100 мл шафраново масло. Осигурете се дека маслото е со добар квалитет. Ставете неколку лажици шафраново масло во посебен стаклен сад, Листовите на чувар куќа ситно исецкајте ги и измешајте ги со шафрановото масло. Изматете убаво или изблендирајте ги овие состојки. Направивте густ крем што треба да го истурите во стаклена тегла, оставете го да се стабилизира на собна температура и чувајте го во фрижидер.Нанесето го на лицето 2-3 пати неделно. Оставете да делува 30 минути и обилни измијте го со вода. на влажна кожа по третманот нанесете од нашиот ајурведски путер,

 

Ајурведски путер за лице и тело со додаток на масло од коноп

 

Ајурведско инфузирано шафраново масло

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

Ајурведска диета за февруари

Ајурведска диета за февруари

Февруари во вашето тело Штом температурите ќе паднат и ќе почнат малку да растат кон крајот на јануари, вашето тело ја менува својата стратегија од градење изолациски масти кон нивно ослободување. Телото ослободува маснотии од истата причина поради која миленичињата...

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

 Зачин вреден злато! Лековитите својства на овој зачин постепено се откриваат низ вековите, а одамна е потврдено дека има силно антивоспалително дејство. Овој зачин е познат низ целиот свет поради неговите многубројни лековити својства. Ако случајно видите на...

Здрав појадок за почеток на денот

Здрав појадок за почеток на денот

Во брзањето и вревата на нашиот секојдневен живот, здравата храна понекогаш ја оставаме на последно место.  Спакувана и студена храна за носење, мусли со додаден шеќер, бел леб и сл.  станаа составен дел од нашата рутина за појадок - вкусна за јадење и исклучително...