Ајурведски трик – загреј го телото за час
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Ајурведски трик – загреј го телото за час

Ајурведски трик – загреј го телото за час

by | Jan 9, 2021 | 0 comments

Дали jа знаете моќта на правилното дишење?

Дишењето е најважната – споредна работа во животот.

Правете вежби за дишење секој ден

Самиот факт дека животот започнува со вдишување и завршува со издишување објаснува колку е важно дишењето, Ова е начин инстант да го подобрите целокупното здравје, да се чувствувате посреќно и поудобно во вашето тело. Пранајама се смета за најважен јогиски метод за прочистување и подигнување на свеста со кој постигнуваме целосна контрола на здивот. Умот станува помирен, порелаксиран и појасен, целото тело се напојува со кислород и прана со правилно и контролирано дишење.

Во неколку циклуси ќе ви предложиме неколку различни видови пранајами од нашите сертифицирани јога инструктори кои можете лесно да ги изведувате дома, по можност наутро, на празен стомак, пред да одите на работа или пред да извршувате дневни активности затоа што тогаш умот е најмирен, што дава дополнителна концентрација. Дополнително позитивно влијание ќе имате доколку истата ја изведувате во период од 6 до 10 часот наутро, кога преовладува Кафа доша.

Доволно е да одвоите околу 20 минути секој ден, и сигурно многу брзо ќе ги почувствувате придобивките од секојдневните вежби за дишење.

Во секоја вежба, седете во лотос, полу-лотос или позиција што е пријатна за вас, но ‘рбетот мора да биде целосно исправен. Дланките се на колена, завртени нагоре (маха мудра), очите се затворени или погледот е спуштен кон носот.

Сурија беданана пранајама

Сурија значи Сонце што значи дека оваа пранајама го загрева телото и идеална е за практикување во текот на зимата, првенствено се препорачува за луѓе кои се „зимурливи“. Во оваа пранајама се вдишува низ десната ноздра и се издишува со левата ноздра.

Можете исто така да додадете кумбака /задржување на здивот/. Ако го задржувате здивот, не заборавајте да ги стегнете Мула банда и Јаландара банда, кои помагаат да се задржи прана (енергија) во телото. Повторете ја вежбата најмалку 20 вдишува и издишува.

Научете правилно да дишете на следната работилница Програма на среќата или редовните јога часови

0 Comments

Submit a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Recent Post

Ајурведска диета за февруари

Ајурведска диета за февруари

Февруари во вашето тело Штом температурите ќе паднат и ќе почнат малку да растат кон крајот на јануари, вашето тело ја менува својата стратегија од градење изолациски масти кон нивно ослободување. Телото ослободува маснотии од истата причина поради која миленичињата...

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

 Зачин вреден злато! Лековитите својства на овој зачин постепено се откриваат низ вековите, а одамна е потврдено дека има силно антивоспалително дејство. Овој зачин е познат низ целиот свет поради неговите многубројни лековити својства. Ако случајно видите на...

Здрав појадок за почеток на денот

Здрав појадок за почеток на денот

Во брзањето и вревата на нашиот секојдневен живот, здравата храна понекогаш ја оставаме на последно место.  Спакувана и студена храна за носење, мусли со додаден шеќер, бел леб и сл.  станаа составен дел од нашата рутина за појадок - вкусна за јадење и исклучително...