fbpx
Ајурведски трик – зајакни го имунитетот со млеко од ѓумбир
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Ајурведски трик – зајакни го имунитетот со млеко од ѓумбир

Ајурведски трик – зајакни го имунитетот со млеко од ѓумбир

by | Окт 20, 2020 | 0 comments

 

Адрака – млеко Сидха со ѓумбир

Од памтивек, млекото со зачини и билки се користело во Ајурведа како здрав, лековит пијалок, таквото млеко е познато како Сидха Дагдам.

Сидха на санскритски значи „совршен“, а дагдам значи „млеко“.

Во ајурведската медицина е високо ценето бидејќи го храни телото, ја смирува емоционалната напнатост и помага при рамнотежата на секој тип на тело.

Покрај многуте придобивки за здравјето и убавината, ова млеко стимулира и витална енергија – оџас.

Според Ајурведата, оџасот дава сила, ги зајакнува имунитетот и дигестивниот систем и го буди чувството на среќа и задоволство.

Со цел да се подготви млекото на здрав начин, важно е да го пиете топло и зовриено.

Со варење млекото ја менува својата структура со што ја олеснува дигестијата, особено за типот кафа, кој инаку има побавен дигестивен систем.

За кого е наменето Сидха Дагдам

Поради своите лековити својства и хранливи материи, овој пијалок е особено препорачлив за луѓе чие тело е истоштено и слабо.

Ја враќа имунолошката отпорност на организмот и јачината на варењето, со што го штити од разни болести.

Исто така се препорачува за луѓе кои страдаат од нарушена кафа доша, кои вклучуваат кашлица, зголемена секреција, опструкција на синус или бронхијални инфекции.

Ајурведата советува да пиете млеко навечер поради неговите смирувачки и дигестивни својства, што поттикнува мирен и длабок сон и здраво утринско варење.

Ѓумбирот се нарекува „универзален лек“ во Ајурведата, а терапевтската употреба на ѓумбирот е опишана во древните ајурведски текстови како лек за разни болести како што се: артритис, болести на дигестивниот, респираторниот и кардиоваскуларниот систем.

Ѓумбировото млеко ги олеснува нарушувањата на кафа-вата дошата во респираторниот систем, како што се: сува кашлица и едем и помага при намалување и ублажување на болката во мускулите, зглобовите и коските.

Рецепт:

250 мл свежо млеко /доколку сте веган може и билно млеко/

2 лажички исцеден сок од свеж ѓимбир или парче од 2-3 цм свеж ѓумбир.

1 лажичка оргнаска куркума

прстофат Кардамом

Најпрвин млекото треба да зоврие, а потоа да се вари на тивок оган уште 5-10 минути заедно со билките и зачините.

Пијте го топло.

 

Органска куркума во прав 200гр

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

Ајурведска диета за февруари

Ајурведска диета за февруари

Февруари во вашето тело Штом температурите ќе паднат и ќе почнат малку да растат кон крајот на јануари, вашето тело ја менува својата стратегија од градење изолациски масти кон нивно ослободување. Телото ослободува маснотии од истата причина поради која миленичињата...

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

 Зачин вреден злато! Лековитите својства на овој зачин постепено се откриваат низ вековите, а одамна е потврдено дека има силно антивоспалително дејство. Овој зачин е познат низ целиот свет поради неговите многубројни лековити својства. Ако случајно видите на...

Здрав појадок за почеток на денот

Здрав појадок за почеток на денот

Во брзањето и вревата на нашиот секојдневен живот, здравата храна понекогаш ја оставаме на последно место.  Спакувана и студена храна за носење, мусли со додаден шеќер, бел леб и сл.  станаа составен дел од нашата рутина за појадок - вкусна за јадење и исклучително...