fbpx
Ајурведски трик – како да ослабеш брзо и едноставно
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Ајурведски трик – како да ослабеш брзо и едноставно

Ајурведски трик – како да ослабеш брзо и едноставно

by | Јан 5, 2021 | 0 comments

Дебелите луѓе треба да пешачат најмалку половина час секој ден. Пливањето е исто така многу добра активност во оваа ситуација.
Ако сакате да изгубите тежина, тогаш треба да разберете едноставна аритметика. Кога внесувате повеќе калории отколку што согорувате, вашата тежина се зголемува. За да изгубите тежина, треба да потрошите повеќе калории отколку што му треба на вашето тело.
Во пракса, ова значи две работи: помал внес на калории и зголемена потрошувачка на енергија. Правете диета што ја намалува кафа дошата (енергија на водата во организмот) и вежбајте секојдневно.
Луѓето со конституција на кафа имаат тенденција да чувствуваат глад и жед веднаш по вежбањето и сакаат да јадат или да пијат нешто ладно. Сепак, пиењето ладни пијалоци ќе го забави метаболизмот, намалувајќи ги придобивките од вежбањето. Затоа, дебелите луѓе треба да пијат врели билни чаеви после вежбање и не треба да јадат ништо.
Диета

Ако имате прекумерна тежина, подобро е да го прескокнете појадокот (или да го замените со шолја билен чај), а да јадете попладне (овој оброк треба да биде најзастапен во текот на денот). Вечерата треба да биде лесна. И не грицкајте помеѓу овие два главни оброка.
Ако не можете да се воздржите од обилен појадок, тогаш јадете лесен ручек и многу лесна вечера, или уште подобро – целосно заменете ја вечерата.
Откажете се од алкохол и пушење. Овие навики многу го стимулираат огнот (пита доша енергијата на оган во телото) при варењето, што резултира со глад.
Пијте топла вода со мед. Секогаш кога ќе чувствувате глад, пијте чаша топла вода со лажичка мед и 10 капки сок од лимета (или лимон).
• Покрај тоа, ќе биде корисно да се земате Трифала (ајурведски суплемент) секој ден пред спиење. Најмалку еден час по вечера, помешајте 1/2 до целата лажичка трифала со чаша врела вода, оставете да стои 10 минути и пијте. Ако Трифала е во таблети, згмечете 1 таблета и додајте ја со врела вода како што е претходно опишано.
Зачини.

Користете повеќе зачини при готвење. Диетата препорачана од ајурведски тарапевт или доктор за намалување на кафата користи многу зачини како ким, кардамом, ѓумбир и цимет.
Не спијте во текот на денот. Дебелите луѓе често сакаат да паузираат во средината на денот, но тоа воопшто не е добро за нив. Не спијте во текот на денот! Спиењето во текот на денот го успорува метаболизмот и ја зголемува кафа (енергијата на водата).

Покрај сите овие препораки за брзо намалување на килограмите практикувајте Удвартана. Докажано е дека со сет од неколку ајурведски третмани драстично се намалуваат килограмите.

 

Органски кардамом во прав 200гр

 

Органска трифала во прав 200гр

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

Ајурведска диета за февруари

Ајурведска диета за февруари

Февруари во вашето тело Штом температурите ќе паднат и ќе почнат малку да растат кон крајот на јануари, вашето тело ја менува својата стратегија од градење изолациски масти кон нивно ослободување. Телото ослободува маснотии од истата причина поради која миленичињата...

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

 Зачин вреден злато! Лековитите својства на овој зачин постепено се откриваат низ вековите, а одамна е потврдено дека има силно антивоспалително дејство. Овој зачин е познат низ целиот свет поради неговите многубројни лековити својства. Ако случајно видите на...

Здрав појадок за почеток на денот

Здрав појадок за почеток на денот

Во брзањето и вревата на нашиот секојдневен живот, здравата храна понекогаш ја оставаме на последно место.  Спакувана и студена храна за носење, мусли со додаден шеќер, бел леб и сл.  станаа составен дел од нашата рутина за појадок - вкусна за јадење и исклучително...