fbpx
Ајурведски трик – Отстрани го никотинот и отровите од своето тело на природен начин
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Ајурведски трик – Отстрани го никотинот и отровите од своето тело на природен начин

Ајурведски трик – Отстрани го никотинот и отровите од своето тело на природен начин

by | Дек 20, 2020 | 0 comments

 

Иако сте се откажале се од цигарите, ефектот на никотинот трае долго време. Како да се
ослободиме од штетните влијанија на никотинот на здрав начин? Како? Едноставно, треба
најпрво да решиме да направиме чекор кон промена на вашиот животен стил. Пушењето ја
намалува количината на витамини Ц, Е и А. Овие витамини можат да ги заштитат белите дробови
од оштетување, затоа откако ќе престанете да пушите, не заборавајте да вклучите во вашата
храна состојки богати со витамин Ц и Е. Еве неколку намирници кои се многу ефикасни за
отстранување на никотин од организмот .
Брокула
Овој зеленчук е богат извор на витамини Ц и Б5. Пушењето ја намалува содржината на витамин Ц
во организмот. Значи, јадете брокула за да го намалите никотинот од вашето тело. Помага и при
намалување на килограми и одличен е за одржување добро здравје и кондиција кај бремени жени.
Портокали
Сокот од портокал е богат извор на витамин Ц. Со тоа се подобрува метаболизмот и ослободува
од стрес. Затоа редовно јадете портокали.
Сок од морков
Ако пушите, тогаш треба да знаете никотинот останува во телото три дена и ја оштетува вашата
кожа. Сокот од морков е добар за кожата, а богат е и со витамини А, Ц, К и Б, кои помагаат да се
отстрани никотинот од телото.
Млад јачмен
Младиот јачмен е еден од најдобрите природни антиоксиданти кој не е само богат со комплекс на
витамин Б, туку во себе содржи и голема количина фолна киселина. Затоа консумирајте што
поголема количина млад јачмен за да го прошистите вашето тело од никотин.
Калинка
Ова црвено и сочно овошје помага во циркулацијата на крвта и ги зголемува крвните клетки во
организмот. За да ја намалите потребата од земање никотин, јадете калинка.
Актинидија
Ова овошје е чудо. Помага да се ослободите од никотинот. Актинидијата е богат извор на витамини А, Ц
и Е. Земајте го ова овошје и намалете го никотинот во организмот.
Бобинки
Јагоди, боровинки, рибизли, помагаат во исфрлањето на никотинот и другите штетни токсини од
организмот.
Шипинка
Ова лековито растение е најбогато со витамин Ц и е многу важно за зајакнување на
имунолошкиот систем, кој е под голем притисок кога пушите. Можете да направите чај или да
купите квалитетна тинктура за употреба, можете да јадете и сурова шипка.

За брза и лесна детоксикација во препорачуваме редовно земање трифала

 

Органска трифала во прав 200гр

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

Секој ден стапалата те носат низ животот. Кога последен пат им подари внимание? Во ајурведската традиција, марма точките се сметаат за важни места на поврзување на телото, здивот и животната енергија — прана. Нивната нега е ритуал на присутност, нежност и внимание кон...

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

Понекогаш најубавиот оброк е чинија топла, домашна чорба — полна со зеленчук, мирисни зачини и вкус што те повикува да забавиш. Во ајурведската традиција, топлата и зготвена храна има посебно место во студените денови, кога Вата се поврзува со студ, сувост и немир....

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

Оваа година, додека го украсувате домот, подарете им внимание и на своите желби за 2027. Успех во работата? Повеќе благосостојба? Љубов и блискост? Топол дом и семејна хармонија? Нови патувања и искуства? Нека секој украс биде мал потсетник на она што сакате да го...