fbpx
Ајурведски трик – третман за коса со мед
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Ајурведски трик – третман за коса со мед

Ајурведски трик – третман за коса со мед

by | Ное 23, 2020 | 0 comments

Со векови, во ајурведата медот се користи за нега на коса и кожа. Клеопатра била позната по тоа што се капела во мед и млеко, а сопругата на римскиот освојувач Нерон, користела лосион со мед и млеко за лицето за да го задржи младешкиот изглед. Дури и пред козметиката да започне широко да се произведува кон крајот на 1800-тите, медот бил популарна состојка
Природниот мед е ефикасен и при третмани за помали гребнатинки и изгореници. Ефикасен е и како антимикробен агенс. Медот ја чисти кожата, и ја дава потребната влага, ја лекува, ја храни и ја штити од бактериски инфекции.
Може да се каже дека медот во козметиката е ист како и во кујната. Не само што е вкусен туку и влијае на доброто расположение, а има и поволно влијание врз нашиот тен. Затоа е нeрискинлив дел од нашите природни ајурведски средства за нега на телото.
Ако барате природени решенија за: свеж, сјаен тен и негувана кожа, еве неколку предлози.

Сè што ви треба е добар, органски /шафранов/ мед.
Дерматолозите велат дека медот прави чуда на кожата благодарение на неговите антибактериски својства и високата содржина на антиоксиданти.
Медот е природен антибактериски агенс, го забрзува повлекувањето на мозолчињата, богат е со антиоксиданси, затоа ги забавува првите знаци на стареење, ја хидрира и ја смирува кожата, така што тенот станува свеж и сјаен, и ги отвора порите и полесно се чистат.

Медов третман за коса

Медот позитивно влијае и на косата. Содржи природни супстанции кои даваат бујност на косата. Тоа е многу корисна алатка во третманот на сува и оштетена коса. Додавањето мед на кој било производ за коса ја зголемува ефикасноста на тој препарат. Овозможува побрзо продирање на производот во косата и го омекнува. За да ја зголемите еластичноста на косата, измешајте мед со шафраново масло. и неколку капки есенцијално масло од зелена трева, јојоба и бадемово масло.. Тоа е одличен рецепт за мекост. Измешајте мед со шафраново масло и вашата коса ќе добие неверојатен сјај. Покрај тоа, ќе ви биде многу полесно да ја чешлате и да направите каква било фризура. Тогаш мешавина од мед и есенција од лимон може да се користи за природно осветлување на косата без да се оштети.

По овој третман се препорачува негата да продолжи со некои од нашите путери за нега на лице и тело.

 

Ајурведски путер за лице и тело со додаток на масло од коноп

 

Ајурведско инфузирано шафраново масло

Ајурведско органско есенцијално масло – лимонова трева

Oрганско чисто бадемово масло

Oрганско чисто масло од јојоба

Ајурведско органско есенцијално масло – лимон

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

Секој ден стапалата те носат низ животот. Кога последен пат им подари внимание? Во ајурведската традиција, марма точките се сметаат за важни места на поврзување на телото, здивот и животната енергија — прана. Нивната нега е ритуал на присутност, нежност и внимание кон...

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

Понекогаш најубавиот оброк е чинија топла, домашна чорба — полна со зеленчук, мирисни зачини и вкус што те повикува да забавиш. Во ајурведската традиција, топлата и зготвена храна има посебно место во студените денови, кога Вата се поврзува со студ, сувост и немир....

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

Оваа година, додека го украсувате домот, подарете им внимание и на своите желби за 2027. Успех во работата? Повеќе благосостојба? Љубов и блискост? Топол дом и семејна хармонија? Нови патувања и искуства? Нека секој украс биде мал потсетник на она што сакате да го...