Пролетта е време на обновување и подмладување.
Природата повторно цвета, сончевата светлина и топлината се враќаат и буди во нас длабока
потреба за прочистување на организмот и просторот во кој живееме.
Телото има совршена интелигенција која се синхронизира со природните циклуси за да добие
најдобра поддршка. Затоа, пролетта е идеално време за регенерација и подмладување.
Пролетта е време да ги исчистиме сите токсини со кои бевме оптоварени во текот на зимата.
Здравјето на нашиот дигестивен систем е клучно за здравјето на целиот организам.
Ако го занемариме здравјето на цревата, занемаруваме орган кој влијае на скоро секој друг орган
во нашето тело.
Токму поради ова, детоксикацијата на телото во Ајурведата се заснова на стимулација на
дигестивниот оган (агни).
Силниот дигестивен оган може да ги отстрани не само токсините акумулирани во текот на зимата,
туку и токсините кои постојат во нашето тело со години.
Иако постои комплексен начин на чистење, како што се третманите со ајурведска Панчакарма,
Секогаш можеме да внесуваме и лесни пролетни чистања со земање ајурведски суплементи-
Трифала и чаеви за стимулирање на варењето на храната и детоксикација.
Кога здравата функција на дебелото црево е избалансирана, забележуваме разни подобрувања
како што се:
-поубав тен
-повисоки нивоа на енергија
-поздрава коса
–намалување на замор и болка во зглобовите
-подобрување на хормоналната и емоционалната рамнотежа
-одржување на здрава телесна тежина.
Силното агни создава силен имунитет.
За време на промената на сезоните, нашиот респираторен систем е најчувствителен. Поради
преминот од постудени во потопли сезони, дигестивниот оган станува нестабилен. Акумулираните
токсини во текот на зимата се раствораат во нашиот систем, поплавувајќи ги микро-каналите и
преоптоварувајќи го имунитетот. Имунолошкиот систем на телото е ослабен и станува плодна
почва за бактерии. Ако телото е исполнето со токсини и нема животна енергија, патогените
микроорганизми наоѓаат плодна почва за развој. Ако варењето е силно, а во организмот
преовладуваат аџас, тогаш нашиот респираторен систем е силен и здрав.
Чај што спречува акумулација на токсини
Состојки:
1/2 лажичка лесно мелени семиња од ајваин
1/2 лажиче ѓумбир во прав или свежо рендан ѓумбир
1⁄2 лажичка малку мелени семки од ким и кадрамом
1/2 лажичка лесно мелени семе од анасон
1/4 кафена лажица црна или хималајска сол
– Во ајурведската медицина, ајваин се користи како лековито растение за ублажување на
варењето на храната. Неговите антибактериски и антифунгални својства поттикнуваат
обновување на здрава цревна флора.
-Ѓумбирот има силни антиинфламаторни својства, освежува и стимулира варење и циркулација, а
помага и при слабеење.
-Кимот има корисен ефект врз дигестивниот систем, бидејќи го стимулира лачењето на ензимите за
варење.
Во комбинација со анасон, се стимулира неговото дејство против надуеност.
-Анасонот е природен диуретик кој го чисти организмот и помага во елиминирање на токсините од
телото.
Подготовка:
-Ставете ги билките во 1,5 чаши зовриена вода и варете додека количината не се намали на 1
чаша. Процедете и додадете четвртина кафена лажица црна или хималајска сол. Пијте топол чај
после секој оброк.
-Вклучете хранливи, лесни и топли оброци како супи или лесно зачинет зеленчук со житарици
(просо, киноа, кускус) во вашата дневна исхрана, бидејќи оваа диета му помага на телото да
согорува токсини.
-Додадете зачини во вашите оброци кои го поддржуваат имунитетот, како што се куркума,
коријандер, ким, анасон, ѓумбир и црн пипер бидејќи го зголемуваат дигестивниот оган.
-Пијте околу 2 литри топли пијалоци на ден, шетајте во природа секој ден или вежбајте бидејќи
тоа дополнително ќе помогне во исфрлањето на токсините од телото.
Почетокот на пролетта ќе внесе свежа енергија, добро расположение и младешки ентузијазам во
вашиот живот.
Внеси здравје, биди едно со природата!




0 Comments