Растенија кои лесно и брзо го чистат црниот дроб од отрови и цисти. Црниот дроб е најголемиот и најважниот орган за чистење на организмот, извршувајќи повеќе од 500 витални функции. Затоа, ако не функционира добро, може да доведе до многу сериозни здравствени проблеми и болести. Предлагаме природни решенија кои ќе ви помогнат да ја подобрите функцијата на црниот дроб.
Глуварче
Многумина глуварчето го сметаат за досаден плевел, но е едно од најкорисните лековити растенија. Ги штити бубрезите, желудникот, цревата и крвта и се смета за еден од најважните лековити билки за црниот дроб. Древните риши препорачуваат користење на стебленца од глуварчето во третман на хронично воспаление на црниот дроб (пет до шест стебленца на ден) и дијабетес (десет парчиња на ден).
Чај од глуварче
Натопете две лажици корен од глуварче и / или лисја со 250 ml врела вода /. Оставете да отстои десет минути и процедете. Пијте чаша наутро и навечер, по можност половина час пред јадење. Се препорачува против проблеми со бубрезите, задржување на вода, целулит и дебелина.
При поголемо задржување на вода во органзимот се препорачува Пунарнава.




0 Comments