fbpx
БОЈАТА НА УРИНАТА – ИНДИКАТОР ЗА МНОГУ БОЛЕСТИ
  • Home
  • /
  • Новости
  • /
  • БОЈАТА НА УРИНАТА – ИНДИКАТОР ЗА МНОГУ БОЛЕСТИ

БОЈАТА НА УРИНАТА – ИНДИКАТОР ЗА МНОГУ БОЛЕСТИ

by | Дек 17, 2021 | 0 comments

 

Бојата на урината е показател за состојбата на нашето тело, односно покажува знаци на болест.
Промените на бојата се случуваат главно поради степенот на хидратација. Различните нијанси на
бојата на урината генерално покажуваат колку вода имаме во телото.
Ако урината почне да изгледа чудно, тоа е знак дека има нешто што се случува во нашето тело.
Постојат бои на урина кои укажуваат дека се случува промена во одредени органи.
1. Ако се појави крв во урината, тоа е знак дека има проблем во уринарниот тракт, бубрезите,
мочниот меур, простатата или уретрата.
2. Ако урината е кафеава, можен е проблем со црниот дроб.
3. Ако урината е целосно чиста, тоа е знак дека пиете премногу вода. Постојат ретки здравствени
ризици кога се пие премногу вода бидејќи премногу сол се исфрла од телото. Општо земено, ако
урината е како вода, пиете повеќе вода отколку што ви треба. Ова ретко е здравствен проблем.
4. Посветло жолти боја на урина укажува на тоа дека сте добро хидрирани. Ако бојата на урината
потемнува, тоа е знак дека треба да пиете течности.
5. Ако забележите кафени тонови во урината, тоа е сигурен знак за дехидрација. Меѓутоа, ако
трае, кафеавата урина покажува дека се работи за проблем со црниот дроб. Доколку има
заболување на црниот дроб или жолчката, дел од солите кои треба да се исфрлат во столицата
остануваат во крвта и завршуваат во урината.
6. Проблем се јавува ако забележите необјаснив црвеникав тон во урината? Во урологијата
предупредувачкиот знак е црвен, што може да се појави поради некоја храна што сте ја изеле, но
ако урината е црвеникава поради крв, тоа значи проблем. Постојат голем број на состојби,
бенигни и малигни кои можат да предизвикаат крв во урината, од болести на бубрезите или
жолчни камења до сериозни карциноми на бубрезите, мочниот меур, простатата. Кога ќе се даде
на анализа примерок од урина, брзо ќе се знае причината за црвеникавата боја.
7. Голем шок е да се види сина или зелена урина во тоалетот. Оваа боја е многу ретка. Некои од
малку познатите болести, како што е наследна порфирија, резултираат со таква боја на урината.
8. Понекогаш луѓето можат да уринираат во чудни бои откако ќе јадат обоена храна. Во зависност
од тоа колку добро боите се апсорбираат во цревата и колку лесно стигнуваат до бубрезите. Има
многу обоени намирници кои не се апсорбираат. Кога ќе излезе во урината, предизвикува промени
во бојата на урината, а можно е да е вклучен и некој генетски фактор. Но, повеќето луѓе не се
засегнати од обоената храна.
9. Кога се консумираат лекови, можно е да дојде до чудни промени во урината
10. Ако урината мириса чудно, веројатно не е нешто за што треба да се грижите. Мирисот на
урина обично не е показател за некоја болест. Причина за мирис на урина најчесто е од храната
која се консумира.
11.Ако мокрењето е со посилен млаз од вообичаениот, укажува на протеини во урината, а тие
укажуваат на проблем со бубрезите.

При поголеми проблеми направете ајурведски преглед.

 

АЈУРВЕДСКИ ПРЕГЛЕДИ

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

Секој ден стапалата те носат низ животот. Кога последен пат им подари внимание? Во ајурведската традиција, марма точките се сметаат за важни места на поврзување на телото, здивот и животната енергија — прана. Нивната нега е ритуал на присутност, нежност и внимание кон...

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

Понекогаш најубавиот оброк е чинија топла, домашна чорба — полна со зеленчук, мирисни зачини и вкус што те повикува да забавиш. Во ајурведската традиција, топлата и зготвена храна има посебно место во студените денови, кога Вата се поврзува со студ, сувост и немир....

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

Оваа година, додека го украсувате домот, подарете им внимание и на своите желби за 2027. Успех во работата? Повеќе благосостојба? Љубов и блискост? Топол дом и семејна хармонија? Нови патувања и искуства? Нека секој украс биде мал потсетник на она што сакате да го...