*Брокула- зелено царство на витамини и минерали*
Овој магичен зеленчук ја зголемува способноста на црниот дроб да произведува ензими кои ги
неутрализираат токсините во телото
Позитивни ефекти од овој зеленчук:
***Можеби брокулата не е омилен зеленчук што секогаш би сакале да го јадете, но е идеален
зеленчук за целокупното здравје и виталност на човекот. Одлична е во спречување на алергии,
настинки, воспалителни заболувања, во борбата против артритис, очни болести, а помага
и при губење вишок килограми.
***Соединението кое го содржи и ја прави посебно моќна е сулфорафан. Оваа магична состојка ја
зголемува способноста на црниот дроб да произведува ензими кои ги неутрализираат токсините
во телото.
***Заедно со витамините А, Ц, Е, Б6, брокулата е богата со фолна киселина, неопходна за раст,
развој и одржување на здравјето на мозокот. Брокулата содржи и влакна, ниацин, магнезиум,
калиум и омега-3 масни киселини, познати како заштитници на срцето.
***Овој зеленчук особено се препорачува кај бремени жени бидејќи содржи поголеми количини
на фолна киселина и дури девет витамини од групата Б. Но, не се препорачува да се консумира
од страна на луѓе кои имаат камења во бубрезите или се склони кон нив.
***Брокула за убава кожа – многу е важно добрата нега да започне однатре и да се базира на
здрава исхрана. Брокулата е богата со витамини А, Ц и Е, кои заедно можат да и помогнат на
кожата да ја „поништи“ штетата предизвикана од изложување на сонце. Овој зеленчук ја
подобрува текстурата на кожата, ги ублажува брчките и ја одржува кожата здрава и млада.
***Брокулата го забрзуваат варењето на храна – клучот е во влакната што ги содржи, бидејќи го
зголемуваат волуменот на столицата, што го олеснува неговото минување низ цревата и ја
намалува веројатноста за појава на запек, но и го олеснува целиот дигестивен процес, со што се
намалува можноста за горушица.
***Брокулата е одлична за зајакнување на имунолошкиот систем. Оваа суперхрана е полна со
витамини и минерали, антиоксиданси и минерали. Можеби најзначајно, брокулата е потенцијално
добра за превенција од карцином. Како и спанаќот, брокулата е најкорисна кога се јаде сурова или
умерено варена за да ги задржи сите хранливи материи.
0 Comments