Ајурведска паста за заби за одржување на секојдневна орална хигиена и третман на орални заболувања.
Помага за намалување на крварењата на непцата, ги одржува забите бели и здрави, се бори против лошиот здив и спречува појава на кариес.
Денталната паста содржи:
Пеперминт (Mentha longifolia)
Ниим (Azadirachta indica)
Цимет (Cinnamomum verum)
Стевија (Stevia rebaudiana)
Трифала /амилаки, бибитаки, харитаки/
Харитаки / Terminalia chebula /
Куркума / Curcuma longa /
Кокосово масло / Cocos nucifera /
Сусамово масло / Sesamum indicum /
Во својот состав содржи и зелена глина која благодарејќи на големата енергетска моќ и високата концентрација на калциум, магнезиум, железо, алуминиум и олиго – елементи лесно ги регенерира непцата и забното ткиво. Овој производ ги комбинира најдобрите практики и искуства од ајурведската медицина во илјадниците години наназад и современи научни истражувања.
Главни својства се: адстрингентент, антибактериско и антиоксиданс, антиинфламаторни и антимикробни својства, антитоксичко дејство, го зајакнува природниот имунитет и се бори со плаката.
Не содржи: вештачки бои, засладувачи, ГМО, животински додатоци и Флуор.
Не е тестирано на животни.
Како се користи?
Едноставно “нурнете” со четката за заби во тегличката или пак доколку пастата е тврда нанесете мала количина од забната крема на четката и потоа нормално како и секогаш почнете со четкање на забите.
Четкајте ги забите два пати на ден за најдобри резултати. Бидејќи пастата не содржи вештачки состојки во својот состав на ладно место истата може да е со тврда конзистенција. Исто така поради природните состојки оваа паста нема да направи пена во вашата уста, ама затоа белите заби, здравите непца и свежиот здив ќе бидат вашиот најдобар заштитен знак.




0 Comments