fbpx
Во борба против пролетните алергии
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Во борба против пролетните алергии

Во борба против пролетните алергии

by | Јун 16, 2020 | 0 comments

Пролетта е период кога многу луѓе, наместо да уживаат во прекрасниот пролетен мирис, липите и другите цвеќиња се нивниот најголем непријател.  Ги мачи алергија со која многу тешко се справуваат. Носот постојано тече, очите солзат, тешко се дише, синусите забрзано работат…вели истаканатиот ајурведски лекар др.Авишек Мишра кој долги години престојува во Македонија.

Според ајурведата, причина за појавата на сезонските алергии во пролетниот период, е заради  иритирање, односно дизбаланс на кафа дошата. За време на зимскиот период кафата се акумулира, но бидејќи во пролет времето затоплува, кафата почнува да се растопува. Исто како кога се топи снегот. На тој начин, оваа доша се иритира и се појавуваат сите сиптоми на сезонски алергии кои ве измачуваат.
Што е важно тука да се направи:

–          Избегнувајте храна која ја зголемува кафата, како што е млекото, јогуртот, сладоледот,  конзумирање ладни напитоци и пиво, посебно навечер

–          Одржувајте го имунитетот на високо ниво. Сите сезонски овошја се одлични за одржување на имуниот систем. Исто така, Амлата го одржува имунитетот на завидно ниво. Кога имуниот систем е одличен, тогаш телото полесно се справува со алергиите и може да толерира се што се случува околу, па дури и воспаленијата на синусите се во многу помала изразена форма.

–          Уште една ефикасна работа која се препорачува во борбата со сезонските алергии е ставање масло во носот, наутро. Се препорачуваат неколку капки во ноздрвите наутро,  веднаш по миењето заби. Ова масло навлекува длабоко во носот и во мукозната мембрана и дозволува оваа мукозна мембрана да ги толерира сите сезонски промени и поленот, па така поленот нема да ве иритира и нема да настане инфекција. Па дури и ако претходно нешто е наталожено во мукозната мембрана, со помош на маслото ќе излезе.  За оваа намена посебно е ефикасно и се препорачува Насја маслото, произведено од чисто природни компоненти.

–          Друга препорака на ајурведата е инхалација со пареа. Кога синусите ви се блокирани, ви тежи главата и не можете да земете здив, ставете неколку капки масло од еукалиптус  и правете инхалација. Пареата навлегува во ноздрвите и ги отвора синусите.  На тој начин ќе се олесни дишењето и ќе се намалат симптомите. 

 

Органско ајурведско масло за нос

 

 

Кафа

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

Ајурведска диета за февруари

Ајурведска диета за февруари

Февруари во вашето тело Штом температурите ќе паднат и ќе почнат малку да растат кон крајот на јануари, вашето тело ја менува својата стратегија од градење изолациски масти кон нивно ослободување. Телото ослободува маснотии од истата причина поради која миленичињата...

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

 Зачин вреден злато! Лековитите својства на овој зачин постепено се откриваат низ вековите, а одамна е потврдено дека има силно антивоспалително дејство. Овој зачин е познат низ целиот свет поради неговите многубројни лековити својства. Ако случајно видите на...

Здрав појадок за почеток на денот

Здрав појадок за почеток на денот

Во брзањето и вревата на нашиот секојдневен живот, здравата храна понекогаш ја оставаме на последно место.  Спакувана и студена храна за носење, мусли со додаден шеќер, бел леб и сл.  станаа составен дел од нашата рутина за појадок - вкусна за јадење и исклучително...