Во Ајурведа, косата и главата се од најголема важност. Нарушувањата на главата, коскеното ткиво, нервниот систем и дигестивниот систем може да го попречат растот и текстурата на косата.
Иако е нормално да имате 10% гибење од вашата коса во есенскиот дел од нејзиниот животен циклус, но ако губите повеќе тогаш тоа е губење на косата и бара дополнителна грижа и внимание.
Во овој случај, серумот за коса може да помогне.
Древна практика на истурање врело масло во косата и масирањето на скалпот ја зголемува хидратацијата, сјајот.
Маслото за коса исто така може да ја омекне косат и да и обезбеди витамини и минерали кои се отстрануваат со често миење и фарбање на костата. Маслото за коса го потхранува коренот, го зајакнува растот и го храни скалпот.
Меѓутоа, ако внатрешните фактори како стресот се причина за пад на косата, тогаш треба да се направи нешто друго.
Стресот го стопира фоликулот на косата и го стопира циклусот на раст, предизвикувајќи предвремено губење на косата што доведува до истенчување на косата поради прекумерно опаѓање.
За да се справат со ова, секој треба да се вклучи во барем еден вид смирувачка активност, како што се медитација и јога.
Некои други фактори кои можат да предизвикаат губење на косата вклучуваат:
- Лоша или недоволна исхрана
- Лошо варење
- Продолжен ментален стрес
- Фактори на животната средина
- Нарушувања на спиењето
- Генетика
- Хормонални промени
Така можете да се борите против опаѓање на косата, според ајурведскиот метод
Ајурведата има голем број третмани за губење на косата кои се пренесуваат со векови.
Еве ајурведски билки кои можат да ви помогнат да се справите со губење на косата:
Амла е еден од најкористените суплементи пти опаѓање на косата. Содржи витамин Ц и многу минерали неопходни за да се спречи опаѓање на косата.
Алое вера делува како регенератор и дава квалитетна и здрава коса. Ја регененерира мртвата кожа на скалпот и со тоа го помага растот на косата. Исто така, го намалува чешањето и помага при состојби на првут.
Брингараџр: Овој класичен суплемент за коса може да се користи при губење на косата, повторно растење и првут. Маслото и суплементот од Брингараџ го смирува скалпот, ја зголемува циркулацијата на крвта и ја зголемува меморијата.
Шафраново масло е традиционално користено масло во ајурведата. Има голема медицинска вредност, што го прави корисен за раст на косата. Маслото од сусам содржи витамини: Е, Б комплекс и неколку минерали. Сусамот го прави скалпот здрав и помага да се запре предвременото белеење на косата.
Кокосово масло: Повеќето од нас користат кокосово масло во секојдневната рутина. Тоа е најпознатото масло што можеме да го користиме без да се грижиме за несаканите ефекти. Ја хидрира косата и ја намалува кршливоста. Исто така, ја штити нашата коса од губење на протеини, додека ја миеме, сушиме, фарбаме, термиќки гориме и ја спасува од оштетување под влијание на животната средина, како што се сонце, прашина и чад.
Ним масло: има антибактериски својства, кои ги спречуваат габичните инфекции. Ги храни влакната на косата, длабоко ги хидрираи ги прави посилни.
Широдара: “Широ” означува главата и “дхара” на проток. Голема количина топло масла се излива врз главата и истата интензивно се масира и третира. Ја зголемува циркулацијата и води кон подобар раст на косата. Ова е еден од најефикасните ајурведски лекови при губење на косата.
Широ Абјанга: Овде, најдобро е да се користат маслата како шафраново. Служи за негување на коренот и скалпот. Тоа ќе помогне да се спречи загревањето на скалпот, ќе помогне да се спречи белеењето на косата и ќе ги нахрани вашите сетилни органи. Ја лади главата од преголемиот замор и стрес. Исто така, ги поттикнува фоликулите на косата и ги храни нервните завршетоци. Ослободените хормони при овој третман ве прават среќни. Овие древни ајурведски лекови за губење на косата ви помагаат да се справите со проблемите при губење на косата и подобрување на циркулацијата на крвта во нервните краеви.
Квалитет на коса
Каков е квалитетот на косата кога дошите не се во рамнотежа
#Вата (доминираат елементите на воздухот и етер) – Склоност косата да е сува и кршлива – Распарчена и кршлива коса со првут и разделени краевина косата.
#Пита (доминира огнениот елемент) – Тенденција за губење е нередовната исхраната – Мрсна и слаба коса – Предвремено белеење и ќелавост на косата.
#Кафа (доминираат елементите на земја и вода) – Склоност да стане мрсна и густи -Затнат и исклучително мрсен скалп.




0 Comments