*За изработка наталната карта во Јyotish астрологија важно е да се земе
во предвид поставеноста на картата и да се додаде она што личноста го
поминала или одработила до тој момент.
*Важен фактор во создавање натална карта се седумте планети: Сонце,
Месец, Меркур, Венера, Марс, Јупитер, Сатурн како и таканаречените
чворови на Месецот- Раху и Кету.
*Раху е северен месечен чвор, додека Кету е јужен месечев чвор. Раху и
Кету ја покажуваат кармата од минатото, односно кармата на сегашниот
живот. Деветте планети ја покажуваат енегијата, места во живот како и
пресликување на она што го има сопственикот на картата. Ведската
астрологија ни овозможува предвидување и можност да влијаеме на
некои работи кои сигурно ќе се случат во иднина. Многу од тоа можеме да
смениме со наше познавање на играта на универзумот, со нашата свест и
свесно делување.
*За изработка на натална карта важни се периодите или подпериодите
наречени Mahadasha-период, Antradasha-подпериод. Периодите се
всушност периоди на планети, така да можеме да имаме период на
јупитер на пример, на раху , исто така е и со подпериодите.
Jyotish астрологија е древно учење за животот, многу длабоко и уникатно
во прецизноста и точноста.
Искуства:
Магдалена-Кога ја имаш својата натална карта, како да го имаш
сопствениот живот во раце и можеш во одредени мигови да се соочиш со
сите добри и лоши моменти, знаеш едноставно дека нештата секогаш
неможеш да ги контролираш и дека не зависи се од тебе, можеш лесно да
се насочиш кога е твојот добар период за бизнис, за брак, за купување нов
дом….
Јавете се да ја изработиме и вашата натална карта, не оставајте други да ви раскажуваат за своите убави искуства 🙂




0 Comments