Масло за нега на коса од Брингараџ
Балсамот од Bringaraj е интензивен третман за вашата коса и скалпот и истите ги одржува здрави и сјајни. Билката што ќе ја користите во ајурведското масло дополнително ќе го подобри вашето расположение и дава ефект на ладење во престојните топли денови. Има антибактериски својства и помага во борбата против секаков вид инфекции на скалпот.
Топлата масажа со масло е се што ќе посакате по бурниот и напорен ден, а дополнително ќе ве заштити и од јакото УВ зрачење.
Лесно се припрема, а трае долго време и е дел од домашната аптека за нега на косата и скалпот.
Потребно е:
30 таблети Брингараџ /истолчете ги во прав/
350 мл. ладно цедено масло, сусамово или маслиново.
Измешајте го Брингараџот во прав и маслото и оставете го да отстои 20 дена на топло месо со редовно промешување. Може да се користи 3 пати неделно, претходно затоплено и енегргетично протривање. По употребата обилно се измива. Маслото се чува на темно место или во фрижидер. Ова е една од најголемите ајурведски тајни
Придобивки:
Маслото Брингараџ делува како природен балсам
Помага при негување на скалпот и косата
Маслото Брингаџи може да ја олади температурата на вашето тело и глава
Помага при одржување на здрава и негувана коса
Со користење на масло можете дури и да го зголемите расположението.
0 Comments