Карамелизиран шеќер, млеко и Ги масло – е вистинскиот пијалокот при вакви проблеми.
Станува збор за стар рецепт што мајките го подготвуваа секогаш кога ќе почневме да кашламе
или кога не гледаа вознемирени.
Постојат 3 начини да се направи овој едноставен, но волшебен напиток:
Потребни состојки:
– шеќер, млеко и Ги масло
Во лонче на оган се ставаат 2 лажички кафеав шеќер да се карамелизира, потоа се додава млекото и се
меша додека да се растопи шеќерот. Потоа се прелива во шоља, се додава една лажица Ги масло
и се пие.
– млеко, Ги масло и мед
Млекото се загрева до вриење и потоа се додава Ги маслото. Кога пијалокот ќе се олади, се
додава една лажица мед и се пие пред спиење. Доколку чувствуваме студ и треска, најдобро е
убаво да се завиткаме со топло кебе и така да заспиме веднаш по оваа напивка.
– шеќер, млеко и едно гранче жалфија
Шеќерот се карамелизира, па се додава млекото. Додека млекото сè уште врие, во него се става
гранче жалфија и по неколку минути се вади од ринглата, се цеди и се пие додека напитокот е
уште топол.




0 Comments