Жабуркање масло во устата – ајурведска детоксикација на организмот
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Жабуркање масло во устата – ајурведска детоксикација на организмот

Жабуркање масло во устата – ајурведска детоксикација на организмот

by | Јун 27, 2020 | 0 comments

Жабуркањето масла е древен третман кој се векови се практикува за детоксикација на организмот и е повеќе од едноставен за спроведување и не е ни малку непријатен, а спектарот на неговото делување е навистина широк.

Во изминативе години доктор Карачи, кој го истржувал овој третман објавил извештај за неговата ефикасност за целосна детоксикација на организмот. Масла кои најчесто се користат за овој третман се сусамовото, кокосовото, шафрановото, маслиновото и сончогледовото.

Третманот на жабуркање се спроведува многу едноставно и токму како што самото име кажува, треба да се жабурка одредена количина масло во устата дваесеттина минути, еднаш до три пати дневно. Ако имате проблеми со забите и непцата неколку капки масло од оригано можете да додадете во основното масло по избор за да се ослободите од овој проблем. Кога бирате масла за жабуркање треба да гледате тие да бидат органски бидејќи стандардните кои ги користиме во кујна обично се преработени и содржат ГМО.

Жабуркањето масла е сосема безбеден третман. На почетокот може ќе ви биде тешко да жабуркате масло цели 20 минути, но со тек на време како ќе се навикнувате така ќе ви станува полесно. Затоа започнете со жабуркање од 5 минути па секојдневно полека зголемувајте го времето на жабуркање масло.

При жабуркање масло, не треба да голтате, затоа што при жабуркањето тоа апсорбира разни видови бактерии и отрови од организмот. По жабуркањето плукнете и измијте ја устата. Некои сакаат да ги менуваат видовите на масла кои ги жабуркаат, додека некои имаат еден фаворит на масло – треба да се каже дека и во обата случаи ефектот е ист.

Овој третман се има покажао како многу ефикасен во лекувањето на болестите на устата и непцата, вкочанети зглобови, алергии, несоница, астма, зголемен крвен притисок, мигрена, бронхитис, варикозни вени, запек, канцерогени заболувања, хронични инфекции, симптоми на менопауза, па дури и детска парализа.

Како детоксификациски лек со жабуркањето не само што ги отстрануваме тешките метали и другите отрови од организмот туку и го подобруваме и оралното здравје ги избелуваме забите и ги оддржуваме непцата здрави. Покрај тоа жабуркањето ни помага полесно да почнеме со диета за губење на килограмите.

Доктор Карачи открил дека овој третман го подига нивото на енергија во организмот, ги подобрува меморијата и спиењето, а може да се користи и за олеснување на симптоми на артритис и за прочистување на крвта.

Тој исто така окрил дека опасните бактерии кои се кријат во устата можат целосно да се отстранат со жабуркањето масла. Ако спречиме бактериите кои се кријат во устата да се прошират низ организмот, автоматски ќе си го подобриме здравјето.

Според ајурведската медицина жабуркањето масла најдобро е да се направи веднаш по будењето пред да се напиете или да јадете, иако како ефикасно се има покажано и жабуркањето масло пред легнување. По жабуркањето со масло пожелно е да се направи и чистење на јазикот со бакарен чистач за јазик, а потоа измијте ги забите но по можност со органска паста за заби која не содржи флуор. Наш совет е ајурведската дентална паста за заби со вкус на портокал и кардамом или пак со вкус на ментол и цимет.

Некои од промените кои притоа настануваат се вишок на енергија, подобрена дигестија и намалена потреба за нездрава храна и тутун.

Според ајурведата најдобро масло за жабуркање е сусамовото, но секако за подобри резултати може да се користи и комбинација на сите горе наведени масла како и додаток на ајурведски суплементи и етерични масла.

Нашето масло за жабуркање е комбинација на озонирани сусамово, кокосово, маслиново, сончогледово масло, ајурведски суплементи, етерични масла и шафран.

Ајурведско масло за жабуркање

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

Ајурведска диета за февруари

Ајурведска диета за февруари

Февруари во вашето тело Штом температурите ќе паднат и ќе почнат малку да растат кон крајот на јануари, вашето тело ја менува својата стратегија од градење изолациски масти кон нивно ослободување. Телото ослободува маснотии од истата причина поради која миленичињата...

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

 Зачин вреден злато! Лековитите својства на овој зачин постепено се откриваат низ вековите, а одамна е потврдено дека има силно антивоспалително дејство. Овој зачин е познат низ целиот свет поради неговите многубројни лековити својства. Ако случајно видите на...

Здрав појадок за почеток на денот

Здрав појадок за почеток на денот

Во брзањето и вревата на нашиот секојдневен живот, здравата храна понекогаш ја оставаме на последно место.  Спакувана и студена храна за носење, мусли со додаден шеќер, бел леб и сл.  станаа составен дел од нашата рутина за појадок - вкусна за јадење и исклучително...