fbpx
Започни го денот со ајурведски пролетен детокс пијалок со јагоди
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Започни го денот со ајурведски пролетен детокс пијалок со јагоди

Започни го денот со ајурведски пролетен детокс пијалок со јагоди

by | Мај 29, 2020 | 0 comments

ЈАГОДИ

Во мај и јуни тие се токму оние кои ги преплавуваат пазарите.

Не само што се богатство од антиоксиданти и хранливи материи, туку и не зашеметуваат со нивниот вкус, боја и форма .

Оваа кралица на пролетта е одличен извор на витамин Ц, антоцијани, фолати, манган и калиум.

Покрај тоа, јагодите се сиромашни со калории (1 чаша содржи само 49 калории), што значи дека можете да ги уживате без да се плашите дека ќе добиете дополнителни килограми.

Значи, тие се одлични и за детоксикацијата и за слабеењето! Но, исто така и за одржување на здравјето – тие штитат од карцином и срцеви заболувања и ја штитат вашата кожа.

Иако можете да ги јадете и свежи – од нив можете да подготвите и супер вкусни пијалаци, со кои ќе го започнете денот.

Со конзумирање на детокс пијалок со јагоди, со додавање на пример, цвекло, краставица или спанаќ, ќе го поттикнете исфрлањето на токсините од телото, а со тоа и варењето и слабеењето.

Покрај јагоди, ќе ви требаат неколку други видови свежо или замрзнато овошје, како што се банани, јаболка, киви, бобинки, зелен лиснат зеленчук и по избор некои протеински прав и семе од чиа.

 

Ајурведски кремаст пијалак со јагоди и спанаќ

Овој пијалак воодушевува со својата боја, но и со својата комбинација на вкусови.

Една од состојките е спанаќот, кој најдобро се јаде суров, а токму тој го најде своето место во овој пијалак.

Спанаќот е идеална храна за детоксикација на организмот. Покрај тоа што има малку јаглехидрати, тој е богат со растителни влакна и антиоксиданти.

Можете да го консумирате овој пијалак за појадок или по интензивно вежбање за да го подигнете нивото на енергија.

Состојки:

    грст млади лисја од спанаќ (суров)
    Околу 10 јагоди
    1 средна зрела банана, исечена на парчиња и замрзната
    ¼ ананас, свеж или замрзнат
    1 чаша растително млеко, по можност бадемово
    1 лажица чиа семе

Подготовка:

Ставете ги сите состојки во блендер, по овој редослед: спанаќ, банана, јагоди, ананас, бадемово млеко, чиа семе. Измешајте додека не добиете убава текстура.

Доколку сакате, ако е премногу густо, додадете малку повеќе растително млеко, а доколку сакате уште погуст пијалак. Најдобро е да го консумирате веднаш.

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

Ајурведска диета за февруари

Ајурведска диета за февруари

Февруари во вашето тело Штом температурите ќе паднат и ќе почнат малку да растат кон крајот на јануари, вашето тело ја менува својата стратегија од градење изолациски масти кон нивно ослободување. Телото ослободува маснотии од истата причина поради која миленичињата...

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

 Зачин вреден злато! Лековитите својства на овој зачин постепено се откриваат низ вековите, а одамна е потврдено дека има силно антивоспалително дејство. Овој зачин е познат низ целиот свет поради неговите многубројни лековити својства. Ако случајно видите на...

Здрав појадок за почеток на денот

Здрав појадок за почеток на денот

Во брзањето и вревата на нашиот секојдневен живот, здравата храна понекогаш ја оставаме на последно место.  Спакувана и студена храна за носење, мусли со додаден шеќер, бел леб и сл.  станаа составен дел од нашата рутина за појадок - вкусна за јадење и исклучително...