Здрава меломакарона на ајурведски начин
  • Home
  • /
  • Новости
  • /
  • Здрава меломакарона на ајурведски начин

Здрава меломакарона на ајурведски начин

by | Dec 21, 2021 | 0 comments

Потребен материјал:

За сируп:

250 мл вода 400 гр кафеав шеќер/негова здрава замена

75 гр мед

2 стапчиња цимет

2-3 каранфилче

1/2 портокал

1 лажичка кардамом

За тесто:

200 мл сок од портокал

200 мл Ги масло

90 мл маслиново масло

1/4 лажичка каранфилче во прав

25 гр шеќер во прав

2 лажички цимет и кардамом

1/4 лажичка морско оревче

1/2 лажичка сода бикарбона

рендана кора од портокал

500гр брашно

100 гр жито од пченица

ореви за декорација

Подготовка: Во тавче ставете ги сите состојки за сирупот (освен медот), па варете на тивок оган додека не се раствори шеќерот. Околу 5 минути. Тргнете го од оган и кога ќе с еподолади веднаш промешајте го медот. Се остава да отстои најмалку 3-4 часа, да се излади на собна температура. Сирупот може да се направи и ден претходно. Загрејте ја рерната на 190С. Обложете го голем плех со хартија за печење. Во сад за матење ставете ги сокот, двете масла, шеќерот, зачините, содата и ренданата кора од портокал. Промешајте сè со шпатула. Брашното измешајте го со гризот, па додајте ја масата во претходната и сè измешајте и соединете со шпатула или вилушка. Не мешајте со миксер! Со раце откинете парчиња тесто, приближно по 30 грама, потоа формирајте ги прво во топка, а потоа обликувајте ги во овална форма преку решетката / цедалка. Повторете ја постапката додека има материјал. Наредете ги на плех. Не мора да биде премногу долго, бидејќи тие не растат премногу. Печете во загреана рерна 20-25 минути, додека не поруменат. Веднаш по вадењето од рерна, топлите колачиња потопете ги во ладен сируп десет секунди. Извадете ги на решетката да се исцедат. Пред сервирање премачкајте со мед и посипете со сечкани ореви и наросете со кардемом.

Органски кардамом во прав 200гр

Пречистен путер Ги (Ghee)

0 Comments

Submit a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Recent Post

Ајурведска диета за февруари

Ајурведска диета за февруари

Февруари во вашето тело Штом температурите ќе паднат и ќе почнат малку да растат кон крајот на јануари, вашето тело ја менува својата стратегија од градење изолациски масти кон нивно ослободување. Телото ослободува маснотии од истата причина поради која миленичињата...

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

 Зачин вреден злато! Лековитите својства на овој зачин постепено се откриваат низ вековите, а одамна е потврдено дека има силно антивоспалително дејство. Овој зачин е познат низ целиот свет поради неговите многубројни лековити својства. Ако случајно видите на...

Здрав појадок за почеток на денот

Здрав појадок за почеток на денот

Во брзањето и вревата на нашиот секојдневен живот, здравата храна понекогаш ја оставаме на последно место.  Спакувана и студена храна за носење, мусли со додаден шеќер, бел леб и сл.  станаа составен дел од нашата рутина за појадок - вкусна за јадење и исклучително...