Празниците се вистинското време да се разбудиме од зимскиот сон и да почнеме да се грижиме за нашето здравје, а тоа значи и вистинска диета.
За следниот рецепт ви се потребни неколку едноставни состојки кои можеби и ги имате по дома.
Потребни состојки:
Банани
Овесни снегулки
Екстракт од ванила
Кардамом и цимет
По желба можете да додадете: темно чоколадо, рендан ѓумбир, брусница, лешници, бадеми, ореви, сливи,…
Подготовка:
Земете две зрели банани бидејќи полесно ќе ги згмечите и ставете ги во еден длабок сад. Додајте една шолја овесни снегулки и малку екстракт од ванила. По ваша желба, одберете малку ситно сецкана темна чоколада или пак јаткасти плодови по ваш избор. Сето тоа добро измешајте го и формирајте мали топчиња кои ќе ги ставите во тава обложена со хартија за печење и малку ќе ги стиснете одозгора. Печете на 180 степени околу 15 минути.
Добар апетит!




0 Comments