Хумусот е традиционално пире од наут и сусам од Блискиот исток што може да се јаде како
предјадење или како главно јадење со свеж зеленчук и парче леб.
„Хумус“ на арапски јазик буквално значи наут, а името на јадењето е „хумус би тахина“.
Подготовка на хумус според Ајурведска кујна
-Потребно време 8 часа со натопување на наут
-Време за варење на наутот – 20 минути
-Време за подготвување – 5 минути
Состојки:
1-2 чаша наут натопен преку ноќ /во зависност колку луѓе ќе јадат/
1 лажица тахини – таан
3 лажици маслиново масло
3 лажички сок од лимон
1/4 лажиче хималајска сол
УПАТСТВО:
Потопете го наутот преку ноќ, 8 часа. Исфрлете ја водата и варете во тенџере уште 20 минути.
Нека се излади малку, ставете го наутот во блендер со малку вода и изблендирајте ја смесата,
потоа додадете ги останатите наброени состојки и мешајте додека не се изедначи смесата.
Оставете еден час да отстои хумусот и потоа може да го послужите.
На здравје!
0 Comments