fbpx
Излекувај се со сетилото за мирис

Излекувај се со сетилото за мирис

by | Јул 2, 2020 | 0 comments

 

Ароматерапијата е древна вештина каде со примена на етерични масла се постигнува релаксација, превенција од заболувања и лекување.

Древната индиска филозофска доктрина Ајурведа придава големо значение на сетилото за мирис, за да се создаде подготовка и лачење на соодветните ензими пред да се внесе храна или други материи. На тој начин телото е спремно да изреагира уште пред нештатата да се најдат во телото. Полесно да се искористат материите, бидејќи телото е веќе спремно за варење на храната или асимилација на користите материи во телото. Така на лесен начин се стимулира телото на исцелување, се создава пријатно расположение, неповторливо чувство на свежина, ја ублажува депресијата, анксиозноста, раздразливоста и стресот.
А кога се комбинираат со аромата на зачинет цимет, се добива одличен релаксирачки мирис, смирување и усогласување на мислите и чувствата. Лимунот потикнува бистрина на умот, лавандата поттикнува лесен и мирен сон и т.н.

Ароматерапијата исто така ќе ви помогне да ја прилагодите и продлабочите вашата практика на јога на повисоко ниво.

Јога терапија и ароматерапија се две практики кои се многу благопријатни за телото и докажани се нивните неверојатни лековити својства. Но, ако јога терапијата делува на физичкото тело, елиминирајќи ги вкочанетоста, повредите и болките, ароматерапијата е одговорна за со емоционалната состојба. Одлична идеја е да се комбинираат овие две практики со цел да се зголемат позитивните ефекти врз телото.

Ароматерапијата доаѓа од грчките зборови: aroma – мирис и therapeia – лекување. Буквално значи лекување со мириси. Ароматерапијата е форма на лекување кое користи испарливи растителни материјали, уште познати како етерични масла но и други ароматични (мирисни) соединенија, со цел да го промени начинот на размислување, расположението, спознавачките способности и здравјето во целост.

Со вдишувањето на ароматичните масла може да се ублажи стравот, загриженоста, напнатоста, стресот, болката, да се подобри памтењето и концентрацијата.

Ароматерапијата делува преку сетилото за мирис или со апсорпција преку кожата. Постојат ајурведски масла со есенцијални масла кои може да се користат преку специјални вулкански дифузери,  купки, масла за тело или лосиони за масажа, фацијални маски од глина и ладни или топли компресии. Сите овие комбинации може да се користат одвоено или заедно. Некои од овие масла може да се најдат кај нас кои се специјализирани за ваквиот тип терапија. Со нив значително може да ја намалите болката, да го подобрите сонот преку намалувањето на стресот и анксиозноста, да ги третирате главоболките и мигрените, да ги отстраните страничните ефекти од хемотерапијата, да го зголемите имунитетот и сето тоа на природен начин.

Можеби со ова ќе осознаете зошто во нашите ајурведски производи кориситме голема количина есенцијални масла.

 

Камчиња од вулканска лава за ароматерапија

Масло за нега на кожа, конституција #vata (сува кожа)

Ајурведски путер за лице и тело со додаток на масло од коноп

 

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

Секој ден стапалата те носат низ животот. Кога последен пат им подари внимание? Во ајурведската традиција, марма точките се сметаат за важни места на поврзување на телото, здивот и животната енергија — прана. Нивната нега е ритуал на присутност, нежност и внимание кон...

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

Понекогаш најубавиот оброк е чинија топла, домашна чорба — полна со зеленчук, мирисни зачини и вкус што те повикува да забавиш. Во ајурведската традиција, топлата и зготвена храна има посебно место во студените денови, кога Вата се поврзува со студ, сувост и немир....

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

Оваа година, додека го украсувате домот, подарете им внимание и на своите желби за 2027. Успех во работата? Повеќе благосостојба? Љубов и блискост? Топол дом и семејна хармонија? Нови патувања и искуства? Нека секој украс биде мал потсетник на она што сакате да го...