fbpx
Имаш темни кругови под очите и подочњаци?
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Имаш темни кругови под очите и подочњаци?

Имаш темни кругови под очите и подочњаци?

by | Окт 2, 2020 | 0 comments

Во многу култури низ цела Азија, бадемовото масло, семките се користат со векови за подобра концентрација и памтење. Докажано е дека редовното консумирање и користење на масло од бадеми ги зголемува когнитивните способности секое утро, а дополнително придонесува за подобро здравје на нашиот нервен систем.
На луѓето кои страдаат од висок холестерол, исто така им се препорачува редовно да консумираат, бидејќи редовната потрошувачка помага во зголемување на добриот (ХДЛ) и го намалува нивото на лошиот (ЛДЛ) холестерол.
Покрај тоа, здравите масти со кои се богати бадемите, се исто така важни за правилно функционирање на срцето. Во овие семки се присутни мононезаситени масти и калиум во значителна количина, како и витамин Е, кој е моќен антиоксиданс. Затоа, се препорачува да ги консумираат сите кои имаат срцеви проблеми или имаат вроден ризик да добијат кардиоваскуларни заболувања.

Користете бадемово масло за лице и кожа

Бадемовото масло за лице има бледо жолта боја, добиено е од семки од органски бадем, и се појавува во две варијанти: слатко или горко, во зависност од семето. Слаткото е најпопуларно, поради неговиот пријатен мирис и вкус, а најмногу поради неговите лековити својства. Како такво, најчесто се користи во ароматерапијата, има одлични антиалергиски својства и е присутно во препарати за подобар раст на косата и против испукани врвови, а голема предност е фактот што е погодна за повеќето типови на кожа, бидејќи ја има во сите наши производи, за нега на бебиња. деца но и возрасни.
Нашата компанија во сите козметички производи за нега на кожата на лицето, е застапено бадемовото масло и неговите позитивни ефекти и ги имплементиравме во своите креми, путери и маски. Сочинува значителен дел од овие препарати поради фактот што првенствено содржи многу витамини неопходни за човечката кожа да биде здрава и да ја одржува својата оптимална состојба.
Витамините Е и Д се најчести, а покрај тоа има и високо ниво на олеинска и линолеинска киселина. Бидејќи содржи и витамин А, бадемовото масло за лице помага и во намалување на акните и спречува нивно повторување. Оваа есенцијална мешавина е исклучително богата со антиоксиданти, здрави масти и протеини и како таква може да се користи како додаток на оброците.
Секојдневната употреба на овој препарат може многу да помогне во борбата против бројните кожни болести, но и за решавање на разни проблеми со косата. Ако имате проблеми со сува кожа, се препорачува да користите бадемово масло.
Големата предност на бадемовото масло е тоа што одговара на сите типови кожа и е одлична основа за секојдневна нега и заштита.

Употреба на бадемово масло против темни кругови и подочњаци

Во нашата палета има многу козметички производи кои го содржат ова скапоцено масло, а кои се користат за отстранување на темните кругови под очите.
Овој препарат можете да го нанесувате секоја вечер пред спиење и лесно да го втриете под очите за да се ослободите од темните кругови.
Оптималните резултати од овој третман се видливи ако го правите секој ден во период од еден месец. Не само што ќе се ослободите од темните кругови под очите, туку и кожата на оваа област ќе биде помека, затегната и поблескава.

 

Ајурведски органски балсам со додаток масло од коноп

Oрганско чисто бадемово масло

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

Секој ден стапалата те носат низ животот. Кога последен пат им подари внимание? Во ајурведската традиција, марма точките се сметаат за важни места на поврзување на телото, здивот и животната енергија — прана. Нивната нега е ритуал на присутност, нежност и внимание кон...

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

Понекогаш најубавиот оброк е чинија топла, домашна чорба — полна со зеленчук, мирисни зачини и вкус што те повикува да забавиш. Во ајурведската традиција, топлата и зготвена храна има посебно место во студените денови, кога Вата се поврзува со студ, сувост и немир....

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

Оваа година, додека го украсувате домот, подарете им внимание и на своите желби за 2027. Успех во работата? Повеќе благосостојба? Љубов и блискост? Топол дом и семејна хармонија? Нови патувања и искуства? Нека секој украс биде мал потсетник на она што сакате да го...