fbpx
Испробан ајурведски рецепт при болки во коските и зглобовите
  • Home
  • /
  • Новости
  • /
  • Испробан ајурведски рецепт при болки во коските и зглобовите

Испробан ајурведски рецепт при болки во коските и зглобовите

by | Дек 27, 2021 | 0 comments

Испробана и проверена комбинација која ги обновува коските и воспалените зглобови… Луѓето кои некогаш имале болки во коските или зглобовите се свесни колку е тешко да се справат со нив и дека можат да не спречат да функционираме. Најчесто тогаш одиме кај лекарите да ни препишат некои лекови, но треба да знаете дека е многу подобро и поефикасно ако почнете да земате природни ајурведски лекови. Со конзумирање на класични лекови, можеби ќе можете малку да ја подобрите состојбата и да се ослободите од болката на одредено време, но како резултат на тоа може да доведе до зависност и негативно влијание на другите органи во телото, особено на бубрезите. Едноставно е многу подобро ако почнете да консумирате природни лекови за кои е докажано дека делуваат и ја подобруваат вашата состојба. Овој лек многумина го препорачаа за употреба доколку сакате да се ослободите од болките во зглобовите! 

Потребни состојки:

– 200 гр органски мед

– 8 супени лажици ленено семе

– 40 гр семки од тиква (исчистени)

– 3 лажици суво грозје (сушено)

– Ленено семе по желба

– Кардамом 2 лажица

Подготовка: Сите наведени состојки, освен медот, треба да се измелат, во мелница за ореви, па се додава медот и смесата убаво да се измеша

Апликација: Од лекот што сте го подготвиле земате по две лажици секој ден, односно наутро и пред спиење. За кратко време ќе почувствувате голема промена и олеснување во вашето тело и особено зглобовите. Можете да направите нова смеса кога ќе снемате и само да ја продолжите терапијата додека не почувствувате олеснување.

 

Органски кардамом во прав 200гр

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

Секој ден стапалата те носат низ животот. Кога последен пат им подари внимание? Во ајурведската традиција, марма точките се сметаат за важни места на поврзување на телото, здивот и животната енергија — прана. Нивната нега е ритуал на присутност, нежност и внимание кон...

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

Понекогаш најубавиот оброк е чинија топла, домашна чорба — полна со зеленчук, мирисни зачини и вкус што те повикува да забавиш. Во ајурведската традиција, топлата и зготвена храна има посебно место во студените денови, кога Вата се поврзува со студ, сувост и немир....

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

Оваа година, додека го украсувате домот, подарете им внимание и на своите желби за 2027. Успех во работата? Повеќе благосостојба? Љубов и блискост? Топол дом и семејна хармонија? Нови патувања и искуства? Нека секој украс биде мал потсетник на она што сакате да го...